Разлика помеѓу преработките на „Верверици“

Додадени 11.065 бајти ,  пред 6 години
с
нема опис на уредувањето
с
{{Taxobox
| color =
| name = Верверици
| fossil_range = Доцен еоцен - денес
| image = Sciurus niger (on fence).jpg
| image_width = 250px
| image_caption = [[Лисичеста верверица]] (''Sciurus niger'').
| regnum = [[Животни|Animalia]]
| phylum = [[Хордати|Chordata]]
| classis = [[Цицачи|Mammalia]]
| ordo = [[Глодари|Rodentia]]
| subordo = [[Sciuromorpha]]
| familia = '''Sciuridae'''
| familia_authority = [[Јохан Фишер фон Валдхајм|Fischer de Waldheim]], 1817
| subdivision_ranks = Подфамилии и племиња
| subdivision =
* Подфамилија [[Ratufinae]]
* Подфамилија [[Sciurillinae]]
* Подфамилија [[Sciurinae]]
** Племе [[Sciurini]]
** Племе [[Pteromyini]]
* Подфамилија [[Callosciurinae]]
** Племе [[Callosciurini]]
** Племе [[Funambulini]]
* Подфамилија [[Xerinae]]
** Племе [[Xerini]]
** Племе [[Protoxerini]]
** Племе [[Marmotini]]
и видете во текстот.
}}
'''Вервериците''' ({{lang-la|Sciuridae}}) се фамилија на цицачи од редот на [[глодари]]. Во фамилијата на верверици припаѓаат животни кои се различни по својот изглед и начин на живеење, обединети со нивното заедничко потекло и сличноста во [[Анатомија|анатомската]] градба.
 
== Надворешен изглед ==
Верверицата спаѓа во класата цицачи ('''Mammalia'''), ред гризачи ('''Rodentia''').
 
Должината на телото се движи од 6 ([[глувчева верверица]]) до 60 cm ([[мраморец]] или мрмот). По својот надворешен изглед, вервериците може да се поделат на 3 типа: верверици кои живеат на дрвја, верверици кои живеат на површината на земјата и летачки верверици, при што се смета дека заедничкиот предок бил најсроден со вервериците кои живеат на дрвја. Кај дрвенестите верверици, каде припаѓа [[Обична верверица|обичната верверица]], имаат долги бушави опашки, остри канџи и големи уши, понекогаш со прамен од влакна. Кај летачките верверици по страните од телото, меѓу прсните ковчиња и ковчињата на стапалото се наоѓа кожна мембрана, која им овозможува падобрански лет. Приземните верверици се одликуваат со покрупни тела и кратки силни предни екстремитети. Кај сите верверици задните екстремитети се подолги од предните, но не повеќе од 2 пати. Задните екстремитети се пет, а предните четири или петпрсни. IV прст на предните и задните екстремитети е најдолг. Крзното е густо и меко. Бојата е монотона или со линии и дамки, се движи од црна и бела до црвена или темножолта. Имаат 2 до 6 пара на млечни жлезди. Забите се 20-22 на број. Катниците се со корени, на секоја страна од горната вилица нив ги има 5 (кај еден вид 4), а на долната 4. Џвакачката површина на катниците е заоблена или заоблено-чешлеста. Предниот горен предкатник е секогаш помал од останатите; кај обичните верверици тој е во вид на тенко столпче, додека кај [[Персиска верверица|персиските верверици]] отсуствува.
==Изглед==
Обичната верверица (заедно со опашката) е долга 45 см. Половина од оваа должина отпаѓа на китнестата опашка. Бојата на крзното и варира<ref>„Ловечки прирачник“, Скопје, октомври, 1978</ref>, според местото каде што живее. Таа може да биде `рѓесто-црвеникава, црвено костенлива до речиси црна. Возимскиот период на врвот од ушите има пискули од долги влакна
 
== Екологија ==
==Живеалиште==
'''Верверицата''' си прави гнездо,а често користи и изградени гнезда од врани и страчки, кои само ги подредува за своите потреби. Гнездото од горната страна е покриено, аод долната страна се наоѓаат влезовите.
 
Распространувањето на вервериците е многу широко. Тие отсуствуваат во [[Австралија|австралиската]] област, на [[Мадагаскар]], во поларните области, во северозападна [[Африка]] ([[Сахара]]) и на југот на [[Јужна Америка]] ([[Патагонија]], [[Чиле]], поголем дел од [[Аргентина]]). Населуваат разновидни предели: од тропски дождовни шуми до арктичката [[тундра]]. На планините се среќаваат до долната граница на ледниците. Водат приземен начин на живот или на дрвјата. Активни се главно во текот на денот; летачките верверици најчесто во текот на ноќта. Се исхрануваат со различна растителна храна (семиња, јатки, печурки), поретко со [[инсект]]и и помали `рбетници. Приземните видови се исхрануваат главно со зеленило. Видовите во умерените области зиме складираат храна или запаѓаат во [[Хибернација|зимски сон]]. Живеат поединечно, понекогаш колонијално. Дрвенестите верверици по правило градат гнезда во самите дрвја, додека приземните живеат во дупки. За некои видови се карактеристични далечни [[Миграција (биологија)|миграции]]. Бременоста трае 22-45 дена. Женките донесуваат на свет од 1 до 15 голи и слепи младенчиња.
==Размножување==
Верверицата се пари кон крајот на март, а по 35 дена донесува од 3-5 млади, кои 9 дена се слепи.
 
== Вервериците и човекот ==
==За неа==
 
Не е друштвено животно. Живее сама и нема зимски сон. Се храни со папки и изданоци од дрвјето, потоа со различни семиња, плодови, со ореви, лешници, семиња на изголените дрвја, желади, буклинки и друго. До колку наиде на птичјо гнездо, младите ги убива.
Вервериците се паметни животинки, во населените места тие се способни да се исхрануваат од птичјите хранилки, потоа копаат во потрага по семиња од растенијата и се населуваат во места какви што се поткровјата и [[Мансарда|мансардите]]. И покрај тоа што многу компании продаваат хранилки со заштита од верверици, многу малку од нив се во состојба да ги спречат.
 
Понекогаш вервериците се сметаат за штетници бидејќи можат да изгризаат сè што е можно; нивните заби се секогаш остри и постепено се обновуваат (кај глодарите забите растат постојано). Сопствениците на куќи кои се наоѓаат во области со голема популација на верверици мораат внимателно да ги затворат своите подруми и поткровја, бидејќи вервериците таму можат да изградат свои гнезда и да направат разновидни штети.
 
Верверицата може да се нахрани од човечка рака. Бидејќи се адаптирани да го кријат вишокот од храна, тие ќе доаѓаат сè додека им се нуди храна. Кога еден човек ја намамува верверицата за да ја нахрани, таа ќе се враќа кај него секој ден за нова порција. Вервериците кои живеат по парковите и градините одамна научиле дека човекот е извор на храна.
 
Вервериците можат да предизвикаат прекини во електроснабдувањето, причинувајќи краток спој на струјните кола со силна волтажа. Во [[САД]], вервериците двапати во историјата биле причина за намалувањето на [[Берзански индекс|берзанскиот индекс]] на [[NASDAQ]] и предизвикале каскаден прекин на струјата во еден универзитет во [[Алабама]].
 
Еден од најчестите производи со кој се исхрануваат вервериците се [[орев]]ите и [[кикирики]]те. Но, скорешните истражувања на научниците покажаа дека ензимот [[трипсин]], кој е присутен во оревите, ја спречува апсорпцијата на [[протеин]]ите во цревото. Доктор ''Џејмс Кисветер'' од Источновашингтонскиот универзитет советува да им се даваат печени ореви и кикирики на вервериците.<ref>http://www.gottshall.com/squirrels/fhtml04e.htm#0</ref> Но други научници велат кикириките во било која форма, како и семињата од [[сончоглед]], се неполезни за вервериците бидејќи се сиромашни со хранливи состојки, како резултат на што кај верверицата може да се јави [[метаболичка болест на коските]].<ref>http://home.wi.rr.com/frettchen/BACKYARD%20SQUIRREL%20FEEDING%20TIPS.htm , http://www.squirreltales.org/#Section-H</ref>
 
== Систематика ==
[[Податотека:Goldmantelziesel.jpg|десно|мини|250п|[[Златномантиеста стоболка]] (''Spermophilus lateralis'')]]
[[Податотека:Marmot in France.jpg|десно|мини|250п|[[Алпски мрмот]], ''Marmota marmota''.]]
Денешните верверици се поделени во 5 подфамилии, со околу 50 родови и близу 280 видови. Најстариот [[фосил]] од верверица, ''Hesperopetes'', датира од доцниот [[еоцен]] (пред околу 40—35 милиони години) и е сличен на денешните летачки верверици.<ref>Emry, R.J. and Korth, W.W. 2007. A new genus of squirrel (Rodentia, Sciuridae) from the mid-Cenozoic of North America. Journal of Vertebrate Paleontology 27(3):693–698.</ref>
 
* [[Основа (еволуција)|Основен]] и ''[[incertae sedis]]'' таксон Sciuridae (сите фосилни)
** ''[[Getuloxerus]]''
** ''[[Hesperopetes]]''
** ''[[Kherem]]''
** ''[[Oligosciurus]]''
** ''[[Plesiosciurus]]''
** ''[[Prospermophilus]]''
** ''[[Sciurion]]''
** ''[[Similisciurus]]''
** ''[[Sinotamias]]''
** ''[[Vulcanisciurus]]''
* Подфамилија [[Cedromurinae]] (фосилна)
* Подфамилија [[Ratufinae]] – источни џиновски верверици (1 род, 4 видови)
* Подфамилија [[Sciurillinae]] – неотропска пигмејска верверица ([[монотипна]])
* Подфамилија [[Sciurinae]]
** Племе [[Sciurini]] – верверици кои живеат на дрвја (5 родив, околу 38 видови)
** Племе [[Pteromyini]] – вистински летачки верверици (15 родови, околу 45 видови)
* Подфамилија [[Callosciurinae]] – азиски орнатни верверици
** Племе [[Callosciurini]] (13 родови, близу 60 видови)
** Племе [[Funambulini]] палмини верверици (1 род, 5 видови)
* Подфамилија [[Xerinae]] – приземни верверици
** Племе [[Xerini]] – бодликави верверици (3 родови, 6 видови)
** Племе [[Protoxerini]] (6 родови, околу 50 видови)
** Племе [[Marmotini]] – приземни верверици, мрмоти, бурундуки, прериски кучиња итн. (6 родови, околу 90 видови).
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
[[Категорија:Верверици| Дивеч во Македонија]]
[[Категорија:Глодари]]