Отвори го главното мени

Промени

→‎Бугарски погледи: ситна поправка
 
== Бугарски погледи ==
Во Бугарија Мисирков го сметаат за Бугарин, бугарски поданик и бугарски филолог, покрај фактот што тој бил македонист и јавно се залагал за македонската нација и култура.<ref name="Георги"/><ref>[http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=1D87F26D23D39841A5BA951159B95ABE Непознатиот Мисирков меѓу Македонците]</ref><ref>[http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=AD0EE19C422F9B43AE11BBC76F0A56AB СДСМ бара оставка од директорот на Архивот, Зоран Тодоровски]</ref> Од [[1913]] до [[1918]] година живеел во [[Кишинев]], [[Бесарабија]] и таму бил бугарски претставник во локалното собрание.<ref>[http://www.macedonia-science.org/news.php?extend.498 Симов, Йордан. Националната принадлежност на Кръсте Мисирков през погледа на публичните учреждения в Бесарабия през 1916 г.]</ref><ref>[http://www.promacedonia.org/bugarash/misirkov/otmisirkov.html#8 Трайков, Веселин. Кръсте Мисирков и за българските работи в Македония, София, 2000, 56-60]</ref> Во својот „Дневник“ од [[1913]] година по распарчувањето на Македонија Мисирков изнел ставови со кои ги оправдува бугарските интереси во Македонија, Македонците ги именува како македонски Бугари, културата и традициите, исто така, како бугарски. Во овој период од животот јавно се залагал за националните права на бугарското население во Македонија, кои според него биле „погазени од Србите и од Грците“ и „крвта пролеана од Бугарите за Македонија ги чинели неоспорливи правата на бугарскиот народ на Македонија“.<ref>„К.П.Мисирков - Дневник 5.VII - 30.VIII 1913, стр. 65</ref> Тој самиот се нарекувал македонски Бугарин.<ref>[http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=4B907DB0D4552A4CA1582F80C8DE4DB6 Виктор Цветаноски - Враќањето на Мисирков, но не оној што го знаеме (Утрински весник)]</ref> Во некои документи Мисирков го разјаснува своето "бугарско потекло", Македонија ја нарекува "исконска света бугарска земја". Теоретизира и докажува дека "Македонците не се никаква аморфна маса, некакво неоформено тесто што може да се меси вака и онака, туку се добро испечен цврст бугарски леб, сварлив само за бугарскиот национален организам."<ref>„Крсте Мисирков, Писма 1912-1917", во редакција на д-р Растислав Терзиоски, стр. 9-11.</ref> Мисирков жали за Санстефанска Бугарија, за “потиснатиот од Србите бугарски народ во Македонија”, за “трите бугарски земји – (Северна) Бугарија, Тракија и Македонија”. Мисирков вели, дека два и пол милиона “бугарско население” било поробено. Дека Русија ја одделила Македонија од Бугарија. Вели дека тезата за “бугарски национални права над Македонија” била беспорна. Жали дека Македонија е отргната од Бугарија. Вели дека по Букурешткиот мир два милиона Бугари во Македонија биле поробени од Србите. Мисирков бара “обединета етнографска Бугарија со цела Македонија, Добруџа и Тракија”. Тврди дека Србија добила “чисто бугарски етнографски земји”, а Грците го “грабнале од Бугарите Солун”. Мисирков пише дека истава Србија била “единствен виновник за ропството на македонските Бугари” и дека Србите поробиле “вековна бугарска култура во Македонија”. Мисирков тврди, дека населението во Македонија е бугарско и треба да живее во единствена бугарска земја. Бара да се спречи српската асимилација на “бугарското население во Македонија”. Мисирков вели, дека “Македонци значи единствено македонски Бугари”. Ги обвинува Русите, дека под српско влијание сметале македонското население само за “словенско” и вели дека тоа било заблуда под српско влијание. Тагува за поделената во Балканските војни Бугарија. Одделно, Мисирков се откажал од книгата „За македонцките работи“, велејќи дека нејзината содржина стои далеку од беспристрасната наука и дека со во неа истапил како импровизиран политичар по Македонското прашање.
 
== Галерија ==
3.561

уредување