Османлиско-италијанска војна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 15:
Првата поголема италијанска сила од 20,000 војници на либиска земја пристигнале на 10 октомври и многу бргу биле освоени [[Тобрук]], [[Дернах]] и [[Ал Кудс]] но зазимањето на [[Бенгази]] се одложило. Наскоро бројот на италијанските сили пораснал на 100,000 војници наспроти 4,800 редовни турски војници и околу 20,000 локални. Во единствената успешна битка за османлиските сили кај градот Тобрук учествувал и идниот татко на модерна [[Турција]], [[Мустафа Кемал]]. По оваа победа војната започнала да влгува во ќор сокак. Војната повторно се интензивирала кога на [[3 март]] [[1912]] година 1,500 либиски волонтери ги нападнале италијанските позиции во близина на [[Дерна]]. Но поради големиот број на италијански сили либиските востаници морале да се повлечат. До крајот на 1912 Италијанците постигнале мал напредок во освојувањето на Либија. Тие всушност биле ставени под опсада во седум реони на земјата.
 
Во текот на конфликтот, италијанските сили ги зазеле и грчките острови [[Родос]] и [[Додеканези]]те. Во [[1911]] година во градот [[Триполи]] се случил масакар врз либиското население. Италијанските војници убиле илјадници жени и деца, опожариле неколку џамии кои биле полни со бегалци.
 
== Значење ==
 
Конфликтот ја забрзал подготовката на балканските земји за започнување на војна против Османлиите. Во војната за прв пат бил користен авион за воени дејства. На 23 октомври 1911 бил извршен првиот разузнавачки полет на италијански авион кај Бенгази а на 1 ноември биле фрлени првите бомби врз османлиски цели од страна на авион. Во март 1912 биле направени и првите воздушни фотографии во историјата.
 
== Мировни преговори ==
 
Италијанската дипломација одлучила да ја искористи поволната воена ситуација и понудила на Османлиите мировен договор. Договорот бил потпишан во Лозана. Според договорот, Османлиите морале да се повлечат од Либија а за возврат Италија ги вратила островите Родос и Додеканезите. Два од османлиските вилаети добиле регентство и кадија кој го претставувал калифот, но истите морале да бидат избрани во согласност со италијанската влада а нивните трошоци ќе бидат плаќани од Османлиите.
 
== Значење ==