Османлиско-италијанска војна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 3:
== Позадина ==
 
Италијанските претензии кон [[Либија]] започнале веднаш по потпишувањето на [[Договор од Берлин (1878)|Берлинскиот договор]] од [[1878]] година во кој [[Франција]] и [[Велика Британија]] меѓусебно се договориле [[Тунис]] да ппремине под француска власт, додека [[Кипар]] под британска. За италијанската иницијатива најмногу се спротиставила Франција, но по потпишувањето на француско-италијанскиот договор од [[1902]] година, на [[Италија]] и било овозможено слободно да ја нападне [[Либија]] а во замена Франција би го добил [[Мароко]]<ref>{{cite web|url=http://www.thecorner.org/hist/wwi/alliance.htm|title=Alliance System / System of alliances|accessdate=2007-04-03|work=thecorner.org}}</ref>. Но долго време по овој договор италијанската влада не презела никакви дејства.
 
Италијанските медиуми започнале голема кампања за лобирање во корист на инвазијата на Либија на крајот на март [[1911]] година. Либија била прикажана како земја богата со руди а земјата била бранета од само 4.000 османлиски војници. Исто така населението и племињата во Либија биле опишувани како непријателски расположени кон Отоманската империја и пријателски кон [[Италијанци]]те. Така, според медиумите идната инвазија требало да претставува нешто повеќе од воена прошетка. Единствени кои се противеле на една ваква инвазија била [[Италијанска социјалистичка партија|Италијанската социјалистичка партија]] на чело со [[Бенито Мусолини]]. Италијанската влада била спремна на почетокот, но во летните подготовки за инвазија премиерот [[Џовани Џолити]] започнал да патува низ другите европски големи сили за нивните реакции на можна инвазија на Либија. Партијата на социјалистите имаше силно влијание врз јавното мислење.