Персеиди: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:Perseid_meteor_2007.jpg|thumb|250px|Персеид снимен во 2007 година]]
'''Персеиди''' — метеорски дожд што се појавува секоја година во август од соѕвездието [[Персеј (соѕвездие)|Персеј]]. Ова настанува кога Земјата поминува низ облаци од честички прашина оставени од кометата [[Свифт-ТутлТатл]]. Најмалите честички се со големина на зрно песок, согоруваат во атмосферата на Земјата образувајќи метеорски дожд. Прво тој е со најголем интензитет па потоа постепено слабее. Овој метеорски дожд е активен од 17 јули па се до 24 август додека максимумот речиси секогаш е на 12 август. Бројот на метеори обично достигнува 60 метеори на час.
 
== Опис ==
[[Податотека:Perseid meteor and Milky Way in 2009.jpg|Шарен, долг Персеид удира во небото лево од Млечниот Пат во 2009 година|250px|left|thumb]]Како и повеќето метеорски дождови така и Персеидите се образуваат од остатоци од ''опашката'' на некоја комета (Свифт Тутл-Татл). Самата комета се доближува до Земјата само еднаш на 135 години, но преку нејзината ''опашка'' Земјата поминува секоја година. Кометата се движи кон Сонцето привлечена од неговата топлина, во меѓупланетарниот простор расфрла фини честички од мраз и прашина кои под влијание на сончевиот ветар се движат кон центарот на сончевиот систем.
 
Фрагменти од карпа исфрлена од јадрото на кометата паѓаат во атмосферата на Земјата и согоруваат во неа светкајќи како ѕвезди. Овој феномен може да се види од каде било во светот, но во северната хемисвфера е појасен овој феномен. Од Земјата се гледа како метеорскиот дожд да доаѓа од соѕвездието Персеј, па оттука е и називот Персеиди.
Ред 11:
== Историја на набљудувањата ==
Првото споменување на Персеидите датира од 1936 година п.н.е во кинеските хроники. Исто така Персеидите често се споменуваат во кинески, јапонски и корејски хроники од VII - XI век. Во Европа Персеидите се наречени „Солзите на Сент Лоренс“ како фестивалот на „Сент Лоренс“ кој се одржува во истиот период (од 10 август) за кој се смета дека Персеидите се најактивни. За официјален откривач на овој феномен се смета белгиецот [[Адолф Кетел]] кој првпат дал извештај за овој феномен во 1835 година. Првиот истражувач кој го пресметал бројот на метеори на час е Едвард Хејс кој одредил максимална брзина од 160 метеори на час. Набљудувањето на Хејс и други истражувачи од целиот свет продолжува секоја година после тоа. Максималниот број на метеори на час изнесувал 37-88 до 1858 година. Интересен е фактот дека во 1861 година бројот на метеори скокнал на 78-102 на час. [[Податотека:The 2010 Perseids over the VLT.jpg|Персеид во 2010 година снимен од големиот телескоп на Европската јужна опсерваторија|250px|thumb]]
Персеидите се првиот метеорски дожд поврзан со одредена комета. Во текот од 1861 до 1863 година забележано е зголемување на бројот на метеори на час во периодот на месец август. Во 1863 се избројани 215 метеори на час. Италијанскиот астроном Џовани Вирџинио Скипарели ги пресметал орбитите на неколку Персеиди и сфатил дека тие се совпаѓаат со орбитата на кометата [[Свифт-ТутлТатл]]. Кометата е откриена во 1862 година кога поминала блиску до Земјата. Периодот на целосна ротација на кометата изнесува 135 години. Последен пат кометата во близина на Земјата е видена во декември 1992 година. Таквата близина на кометата до Земјата предизвикала зголемување на активноста на Персеидите. Во август 1993 година набљудувачи од [[Централна Европа]] снимиле од 200 до 500 метеори на час. Следниот пат кога кометата Свифт-ТутлТатл ќе помине блиску до Земјата е во 2126 година.
 
{| style="margin:auto; clear:left" | class="wikitable"