Македонска православна црква - Охридска архиепископија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 77:
 
== Односи со другите православни цркви ==
Македонската Православна црква во моментов е непризната од другите [[Православие|православни]] цркви, иако во основа со повеќето од нив МПЦ одржува добри односи. Оваа ситуација е извор на голем број на контроверзии, во кои во последно време најактуелна е ескалацијата на односите со [[Српска Православна Црква|Српската Православна Црква]], која смета дека МПЦ треба да биде во канонско единство со СПЦ, и оттаму за легална во [[Македонија]] ја признава само така наречената [[Православна Охридска Архиепископија]] на [[Јован Вранишковски]]. Македонската јавност, во огромно мнозинство, смета дека ставот на СПЦ е директно негирање на македонската државност и самобитност. Исто така, постои мислење дека големо влијание врз СПЦ за ваквиот однос кон МПЦ има извршено и [[Грчка Православна Црква|Грчката Православна Црква]].Во 2008 година МПЦ-ОА на Бугарската Православна Црква му подари честица од моштите на [[Свети Климент Охридски ]]за новоизградената црква во Плодив,за време на предавањето на моштите македонските архиереи беа пречекани со голема почит и братска љубов<ref>http://vecer.mk/makedonija/noviot-bugarski-patrijarh-treba-da-go-prodolzhi-korektniot-odnos-kon-mpc</ref>.
<ref>''Македонско-српските црковни односи и влијанието на државните фактори врз нив (1944-1967), сп. “Историја” XLI/1-2, Скопје, 2005, 99-110''</ref>