Жан Батист Грез: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 33:
 
== Во академијата ==
Грез сакал да биде гледан како историски сликар и насликал дело кое било наменето да ја оправда неговата омраза кон неговите квалификации како „[[битово сликарство|битов сликар]]“. Ова несреќно дело „Север и Каракала“ (Лувр) било изложено во 1769 г. рамо до рамо со неговиот портрет на „Жорат“ (Лувр) и неговата прекрасна слика „Малото девојче со црно куче“. Академиците го примиле за нов член со сите почести, но при завршетокот на церемониите директорот му се обратил на Грез со следниве зборови: „''Драг господине, Академијата ве прими, но како битов сликар; имаме обѕири кон вашите постари дела кои беа одлични, а за ова дело, кое не е достојно ниту на вашиот углед, ниту вам самиот, прогледуваме низ прсти''“. На ова Грез се разлутил и и почнал расправија со другите и престанал да изложува дела сè до [[1804]], кога [[Француска револуција|Револуцијата]] ширум ги отворила вратите на Акедемијата за секој во светот.{{sfn|Чизом|1911}}
 
Следната година, на 4 март 1805 г., Грез умира во [[Лувр]] во голема беда. Иако некогаш бил прилично богат, парите ги потрошил во екстраваганции и лоша организација до таа мера што за време на неговите последни години почнал да ги продава и сопствените нарачки за сликање кои и така неможел веќе да ги извршува. За неговото брилијантно реноме не се заслужни неговите достигнувања како сликар во својата пракса, туку природата на тематиката со која работел. На тоа враќање на природата што ги испирирало нападите на [[Жан-Жак Русо|Русо]] врз вештачката цивилизација му бил потребен и израз во [[ликовната уметност]].{{sfn|Чизом|1911}}