Отоманска Бугарија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 33:
 
== Востанија ==
{{Главна|Старозагорско востание|Априлско востание }}
 
[[Старозагорско востание|Старозагорското востание]] претставува неуспешен обид на бугарските востаници за ослободување на Бугарија од османлиска власт. На [[12 август]] [[1875]] година од страна на БРКЦ било земено решение за кревање на востание. За раководител на востанието бил избран [[Стефан Стамболов]] и [[Никола Обретенов]], а за центар на востанието - [[Стара Загора]]. Востанието било закажано за 16 септември истата година, но било собрано многу мал број на востаници. Неколку востаници успеале да побегнат, но имало и такви кои се предале на Османлиите. И покрај тоа што Старозагорското востание имало мал зафат и било доста неуспешно, сепак тоа било претходница на [[Априлско востание]].
 
Априлското востание е востание кое било организирано од страна на Бугарите во Империјата на 20 април 1876 г.. Востанието индиректно довело до создавање на новата бугарска држава, кое се случило по две години, во 1876 г. За време на востанието, се проценува дека биле убиени околу 1.000 муслимани. Во текот на 18 век, класичните држави или империи како што била Империјата, била раководена од страна на султан. Населението на империјата се состоела од голем број на етнички групи кои зборувале на различни јазици. Идејата за создавање на т.н. една држава-една нација, започнала да се јавува во текот на 19 век. Во текот на истиот век, Османлиите заостанувале во скоро сите погледи и технологии до европските. Поради постојаното слебеење на Империјата, властите им испорачувале тешки даноци на христијанското население. Во 1875 г. избувнало Босанското востание. Априлското востание било подготвено во период од два месеци. Одлуката за кревање на востание била донесена од страна на одделни активисти на Бугарскиот револуционерен централен комитет, и истото не било подржано од ниту една надворешна сила. Така, територијата на востаниците била поделена во пет регион: Враца, Велико Трново, Сливен, Пловдив и Софија
Востанието избувнало во Копривштица, каде било нападнато седиштето на локалната полиција. Во текот на две недели, востанието се проширило и во поголемиот дел од Бугарија. Околу 1.000 муслимани биле убиени, а многу повеќе протерени од своите домови. Ова довело до многу брза реакција на османлиските власти. Уште од првиот ден на востанието (20 април) Високата порта и турското воено министерство дало наредба за мобилизација на армијата. За задушување на востанието бил формиран штаб во состав: Митхад паша, воен министер, Хусеин Авни паша и командант Абдул Керим паша. Кон територијата на Бугарија се упатила војска од околу 10.000 војници. Многу бргу Османлиите постигнале големи успеси. Селата кои ги зазимале биле изложени на ограбување или палење. Според Николај Овчаров, вкупниот број на загинати изнесувал околу 30.000 војници и цивили.