Отоманска Бугарија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 14:
{{Главна|Бугарска преродба }}
 
Бугарската преродба претставува будење на бугарската национална свест, борба за бугарска просвета, црква и држава. Историографиjата во [[Бугарија]] до средината на [[20 век]] како зачетник на идеологиjата на бугарската преродба го смета калуѓерот [[Паисиj Хилендарски]], коj во [[1762]] година го напишал првиот бугарски преродбенички текст "[[Историjа словенобугарска]]". Денешните бугарски историчари тврдат дека преродбата бил долг културно-историски процес, кој започнал во [[18 век]], којшто не може да биде зависен само од една историска личност. Друг напор прави рускиот автор [[Јуриј Венелин]], кој во 1829 година објавил книга преку која [[Бугари|бугарските Словени]] ги прогласил за одделен словенски етникум - Бугари. Напорите на Венелин наишле на големо одобрување кај бугарските еминентни преродбенски кругови, кои сакале да бидат признаени на [[Балкан]]от како одделен етникум. Исто така во Русија тие напори биле подржувани од рускиот империализам, коj имал намера да создаде голема словенска православна држава со името Бугарија под нејзина контрола, преку која би излегла на [[Егејско Море]] и [[Босфор]]. Тие интереси неретко биле штетни за самите Бугари, кои Русија ја гледале како еден нов поробувач и некои од големите бугарски успеси како афирмациjата на [[Бугарска Егзархиjаегзархиjа|Бугарската Егзархиjа]] се остварени во борбата против руските интереси, кои ја поддржувале идеjата за единствена и сеопшта православна [[Цариградска патријаршија]].
 
Еден од најпознатите бугарски револуционери е [[Васил Левски]] кој во [[1869]] развил една револуционерна теориjа, коjа што била решителен чекор напред за Бугарското ослободително движение. Теориjата гледала на националната ослободителна револуциjа како вооружено востание на сите [[Бугари]] во [[Османската империjа]]. Во 1869 г.година Левски се зафатил да ги организира локалните револуционерни комитети. Кон средината на [[1872]] тоj веќе успеал да создаде една голема мрежа од комитети во бугарските градови и села, кои што биле потчинети и во постоjан контакт со нелегалната бугарска влада во Ловеч. Комитетите купувале оружје, организирале вооружени чети и казнени акции против некои особено зли турски чиновници и бугарски предавници.