Отоманска Бугарија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 10:
 
Крајот на [[18 век]] и почетокот на [[19 век]] во империјата започнала балканска побуна. Јаничарите од друга страна се спротиставувале на амбициите на султанот да воведе реформи во армијата. По распуштањето на јаничарскиот корпус бил воведен задолжителниот воен рок поради кое голем дел на бугарски трговци се збогатиле, биле изградени училишта, започнал да се изучува бугарскиот јазик а била прогласена и независност на бугарската црква во времето на [[Абдул Азис]].
 
== Бугарска преродба ==
{{Главна|Бугарска преродба }}
 
Бугарската преродба претставува будење на бугарската национална свест, борба за бугарска просвета, црква и држава. Историографиjата во Бугарија до средината на 20 век смета за зачетник на идеологиjата на бугарската преродба калуѓерот Паисиj Хилендарски, коj во 1762 г. напишал првиот бугарски преродбенички текст "Историjа словенобугарска". Денешните бугарски историчари тврдат дека Преродбата е долг културно-историски процес, започнал во 18 век, којшто не може да биде зависен само од една историска личност. Друг напор прави рускиот автор Јуриј Венелин, кој во 1829 г. објавува книга преку која бугарските Словени ги прогласува за одделен словенски етникум - Бугари. Напорите на Венелин наишле на големо одобрување кај бугарските еминентни преродбенски кругови, кои сакале да бидат признаени на Балканот како одделен етникум. Исто така во Русија тие напори биле подржувани од рускиот империализам, коj имал намера да создаде голема словенска православна држава со името Бугарија под нејзина контрола, преку која би излегла на Егејското Море и Босфор. Тие интереси неретко биле штетни за самите Бугари, кои Русија ја гледале како еден нов поробувач и некои од големите бугарски успеси како афирмациjата на Бугарската Егзархиjа се остварени во борбата против руските интереси, кои ја поддржувале идеjата за единствена и сеопшта православна Цариградска патријаршиjа.