Историја на Хрватска: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 23:
 
=== Хабсбуршка Хрватска===
 
Хрватска во составот на Хабсбуршката монархија ја сочувала својата автономија но во меѓусебните војни со Османлиите Хрватска изгубила голем дел од своите територии како јужна Далмација. Од друга страна Венецијанската Република ги зазела Сплит, Задар а како слободен бил градот Дубровник и тоа до 1526 година кога морал да ја признае османлиската власт и да плаќа данок. Во составот на австриските сили, на територијата на Хрватска била формирена одбранбена линија према Босна која се викала Воена краина. Во поробените хрватски земји, голем дел од населението било продавано како робови на исток, а голем дел од Хрватите побегнале кон Австрија, Унгарија, Италија и Чешка, па и денеска во овие земји живеат потомци на овие бегалци. Во тој период Хрватска изгубила половина од своето населени.
 
По поразот на Турците крај Сисак започнала долгогодишната војна меѓу Хабсбурговците и Отоманската империја. Таа завршила во [[1606]] година и на Хрватите биле вратени дел од загубените територии. Во [[1618]] година започнала нова 30-годишна војна. Во неа учествувале браќата Зрински, тогаш највлијателните хрватски аристократи. Во [[1664]] војската на Хабсбурговците издвојувала победа во [[Битка кај Сентготард (1664)|битката кај Сентготард]], но [[Леополд I]] (1657-1705) не ја искористил победата и склучил неповолен мировен договор според кој на османлиите припаднале дел од хрватските и унгарскитењ територии. Хрватите и Унгарците не се согласиле со условите на овој договор по кое организирале востание на чело со Никола Зрински. Бунтовниците преговарале со францускиот крал [[Луј XIV]] кој бил во конфликт со виенскиот двор, поради европската политика. Преговорите немале резултат, а на [[18 ноември]] [[1664]] година Никола Зрински починал. Неговото место го зазел помладиот брат Петар Зрински кој продолжил со борбата за правата на Хрватите заедно со [[Фран Крсто Франкопан]] и унгарските благородници. Меѓутоа Унијата со Унгарците се распаднала во [[1667]] година по смртта на нивниот водач. Набргу потоа преку измама биле заробени Петар Зрински и Фран Крсто Франкопан, како и унгарските водачи на бунтот. На [[30 април]] [[1671]] година Зрински и Франкопан биле егзекутирани и закопани тајно. По ова следувало разграбување на нивниот имот. Гробовите на Зрински и Франкопан биле пронајдени дури во 1907 година, а во 1919 година посмртните останки биле пренесени во [[Загреб]].
 
== Кралство Југославија==
== Социјалистичка Хрватска==