Романска преродба: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 37:
 
== Обединување==
{{Главна|Обединето Кнежество Влашка и Молдавија}}
 
По крајот на Кримската војна, австрискиот режим станал омразен меѓу населението бидејќи бил потиснат материјалниот и политичкиот живот. Во мировните преговори меѓу Големите сили било одлучено замена на рускиот протекторат со колективен протекторат на земјите кои го потпишале договорот. Во исто време романските емигранти во [[Париз]] започнале се појасно да го поставуват прашањето за обединување на двете кнежества. На едната страна застанале [[Австрија]] и [[Османлиската империја]] заедно со [[Англија]] која била во добри трговски односи со [[Истанбул]]. Од друга страна била [[Франција]] која не сакала [[Русија]] да излезе во своите сфери на влијание на [[Балкан]]от, [[Медитеран]]от и [[Мала Азија]] како и [[Русија]] која проценила дека едно соединување ќе доведе до слабеење на позициите на Османлиите. Најголема улога во обединувањето на двете дунавски кнежества имале емигрантите во [[Западна Европа]], посебно во Франција која не се спротиставувала на обединувањето.
 
По крајот на конгресот, австриските сили се повлекле од двете кнежества а во [[1857]] година биле спроведени успешни избори за обединување на двете кнежества. На конвенцијата од [[7 август]] [[1858]] било изгласено да се зачуваат двете кнежества како одделни но со право да основат заеднички управни органи. Во 1861 година [[Александар Јон Куза]] го објавил соединувањето на двете кнежества иако тие сеуште биле вазални на Османлиската Империја. Во [[1861]] година во османлиската престолнина била свикана меѓународна конференција која го признала официјално соединувањето на двете кнежества под името [[Романија]] и како вазална земја на Османлиите била до Берлинскиот конгрес.