Романска преродба: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 25:
=== Влашка револуција (1848)===
{{главна|Влашка револуција (1848)}}
 
Управувањето на кнезот [[Ѓорѓи Бибеску]] не било подобро во однос на Струдза во Молдавија. Во [[1840]] година во Влашка била создадена тајна револуционерна органзиација на чело со [[Николае Балческу]] кој се обидел на своја страна да ги привлече болјарите и интелигенцијата во земјата. Во [[1843]] година по неуспехот на претходната, била основена нова револуционерна организација Справедливост и братство, која го иницирала востанието во 1848 година.
 
Влашката револуција од 1848 година претставува дел од револуциите што се случиле во [[Европа]] истата година и е тесно поврзана со неуспешната [[Молдавска револуција (1848)|Молдавска револуција]] во 1848 година. Главна причина за избувнување на револуцијата бил обидот да се поништи административната политика на болјарските аристократи кои биле под директно влијание на руските власти. Предводени од неколку млади интелектуалци и офицери, движењето успеало со соборување на принцот Ѓорѓи Бибеску и негова замена со привремена влада.
 
Во земјата станало јасно дека револуцијата може да биде задушена единствено со странска интервенција. Поради тоа во [[Истанбул]] бил испратен [[Јон Гика]] кој побарал османлиска помош, а во исто време помош била побарана и од Русија. Така на [[19 јули]] [[1848]] година османлиските и руските сили навлегле на дунавска територија и без поголеми дејствија ја уништиле револуцијата.