Романска преродба: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 16:
 
Врховната власт била контролирана од руските власти, а за спроведување на нови реформи во кнежествата бил основан т.н. Органски статут за државно уредување на двете земји. Законодавната власт била усполнувана од специјални органи - Дивани на чело со болјарите, а извршната од локалните господари. Така во 30-тите и 40-тите години на [[19 век]] во земјите значително се развило занаетчиството, трговијата. И покрај развојот, во земјата продолжила експлоатацијата на селаните и зависноста од големците. Како главен идеолог за борба против феудалното општество бил [[Николае Балческу]] кој поради големиот приситок бил принуден да побегне во [[Париз]] каде во [[1848]] година се вратил во земјата и воден од [[Француска револуција|Француската револуција]] истата година, организирал слична револуција и во двете дунавски кнежества.
 
== Востанија ==
=== Молдавска револуција (1848)===
{{главна|Молдавска револуција (1848)}}
 
Во [[1846]] година во Молдавија било основано тајна органзиација наречена [[Патриотска асоцијација]] чија цел била да го собори кнезот Стурдза од власт. По започнувањето на Француската револуција, на [[27 март]] [[1848]] година во градот [[Јаши]] се одржало собрание на околу 1,000 болјари, трговци и учители на кое собрание била испратена петиција до кнезот за реформи и намалување на корупцијата и злоупотребата. Кнезот ги прифатил сите услови но откажал да закаже избори за нови болјари. Поради ова започнале немири во земјата, но поради неединството на опозицијата кнезот успеал да го задуши востанието а голем дел од уапсените ги испратил во [[Истанбул]] пред султанот. Но конфликтите продолжиле а самата [[Руска Империја]] се плашела дека немирите можат да се префрлат и во [[Бесарабија]] по кое следувала заедничка интервенција со молдавскиот кнез и целосно задушување на востанието.
 
=== Влашка револуција (1848)===
{{главна|Влашка револуција (1848)}}