Романска преродба: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 7:
Во овој период селското стопанство било директно поврзано со феудалните [[болјари]] а монополот го спречувал развојот на земјата. Додека на султанот не му била испорачана бараната количина на храна или други стоки, никој немал право да тргува слободно. Од друга страна пак, во двете кнежества имало доста несогласувања и меѓу болјарите и фанариотите. Во [[1821]] година постоеле три политички сили: [[фанариоти]] (грчко население испратено од султанот да управува со земјата), [[болјари]] (сакале локално управување под заштита на османлискиот султан или рускиот император) и селаните кои биле најмногу изложени на даноци, угнетување и слично.
 
Во ваква состојба на кнежествата во [[1821]] година избувнало [[Влашко востание (1821)|востание во Влашка]] на чело со [[Тудор Владимиреску]], болјарин и учесник во [[Руско-турска војна (1806-1812)|Руско-турската војна (1806-1812)]]. Кон востанието се вклучиле главно селското население а до март [[1821]] година, нивните сили изнесувале до 60,000 војници. Но кога започнал нападот кон [[Букурешт]], селаните ги нападнале болјарските имоти по кое тие започнале да бегаат кон [[Трансилванија]], а Владимиреску неуспешно се обидувал да воведе ред и своите борби да ги насочи единствено кон фанариотите.

Во април [[1821]] година неговите сили влегле во [[Букурешт]]. Во исто време од Молдавија се движеле силите на Ипсиланти (член на [[Филики етерија]], тајна грчка организација за борба против Османлиите[[Османлии]]те). Османлиските власти сакале од Владимиреску или да се воздржат од борби или да станат сојузници на османлиските сили против етеристите на Испиланти. Целиот хаос завршил со убиство на Владимиреску, распаѓање на неговата армија и разгром на етеристите. [[Османлиската Империја која]] успеала да го задуши востанието а бил ставен и крај на фанариотското господарство во двете кнежества. По крајот на востанието [[Русија]] започнала голем притисок за повлекување на османлиските сили во кое и успеала, а самите фанариоти биле исклучени од сите граѓански и црковни служби и биле заменети со романски. За нов кнез на Влашко бил избран [[Ѓорѓи Гика]], а во Молдавија бил поставен [[Јон Струдза]].