Романска преродба: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 3:
== Отстранување на фанариотите==
 
Во првите години на [[19 век]], со [[Влашка]] и [[Кнежество Молдавија|Молдавија]] сеуште владееле фанариотите[[фанариоти]]те, кои биле зависни од султанот а управувањето на [[Дунавски кнежества|дунавските кнежества]] го гледале преку лично збогатување. Во [[1816]] година кнез на Влашка бил [[Александар Суцу]] кој во [[Букурешт]] пристигнал со повеќе од 800 луѓе, а во [[Кнежество Молдавија|Молдавија]] кнез бил [[Михаил Суцу]]. Корупцијата, грабежите и интригите биле секојдневие во политичкиот живот на кнежествата. Поради тоа фанариотите[[фанариоти]]те предизвикале незадоволство и омраза во сите слоеви на романското општество.

Во овој период селското стопанство било директно поврзано со феудалните [[болјари]] а монополот го спречувал развојот на земјата. Додека на султанот не му била испорачана бараната количина на храна или други стоки, никој немал право да тргува слободно. Од друга страна пак, во двете кнежества имало доста несогласувања и меѓу болјарите и фанариотите. Во [[1821]] година постоеле три политички сили: фанариотите[[фанариоти]] (грчко население испратено од султанот да управува со земјата), болјарите[[болјари]] (сакале локално управување под заштита на османлискиот султан или рускиот император) и селаните кои биле најмногу изложени на даноци, угнетување и слично.