Романска преродба: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
Во ерата на [[романтизам|романтизмот]] како во многу земји од [[Европа]] така и во [[Романија]] започнало [[национално будење|националното будење]] на [[Романци|романскиот народ]] за ослободување од османлиска власт. Во почетокот Романците подршка побарале од [[Руската Империја]] како заштитник на православните христијани во импертијата, но по присоединувањето на [[Бесарабија]] кон руска територија во [[1812]] година овие надежи им биле намалени. Слични цели имала и [[Австрија]], па блиски сојузници романските интелектуалци започнале да бараат во [[Западна Европа]].
 
== Отстранување на фанариотите==
 
Во првите години на 19 век, со Влашка и Молдавија сеуште владееле фанариотите, кои биле зависни од султанот а управувањето на дунавските кнежества го гледале преку лично збогатување. Во 1816 година кнез на Влашка бил Александар Суцу кој во Букурешт пристигнал со повеќе од 800 луѓе, а во Молдавија кнез бил Михаил Суцу. Корупцијата, грабежите и интригите биле секојдневие во политичкиот живот на кнежествата. Поради тоа фанариотите предизвикале незадоволство и омраза во сите слоеви на романското општество. Во овој период селското стопанство било директно поврзано со феудалните болјари а монополот го спречувал развојот на земјата. Додека на султанот не му била испорачана бараната количина на храна или други стоки, никој немал право да тргува слободно. Од друга страна пак, во двете кнежества имало доста несогласувања и меѓу болјарите и фанариотите. Во 1821 година постоеле три политички сили: фанариотите (грчко население испратено од султанот да управува со земјата), болјарите (сакале локално управување под заштита на османлискиот султан или рускиот император и селаните кои биле најмногу изложени на даноци, угнетување и слично.