Кнежевство Молдавија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 40:
|currency = [[талер]]
}}
'''Кнежество Молдавија''' било основано во [[1359]] година и опфаќало територии од денешна [[Молдавија]] и дел од источна [[Романија]], дел од [[Украина]]. На запад се наоѓала денешна [[Трансилваљнија]], на исток [[Бесарабија]], на северозапад [[Буковина]]. Кнежеството било формирано од страна на влашките аристократски семејства на чело со Драгош со помош на унгарскиот крал поради одбрана на земјата од татарската инвазија.
 
[[Османлии]]те во [[1420]] година започнале со заземање на Молдавија. Во [[1456]] година кнежеството било потчинето како [[вазал|вазална држава]] и започнало да плаќа годишен данок. Во [[1475]] година се одвила [[Битка кај Васлуј|битката кај Васлуј]] каде на чело на Молдавија се наоѓал [[Стефан III Велики]] заедно со христијанските сојузници од [[Кралство Полска]] и [[Кралство Унгарија]]. Христијанските сојузници оствариле голема победа. Битката била опишена како најголема победа на христијанството против исламот дотогаш. [[Мара Бранковиќ]], сопруга на [[Мурат II]], на венецијанскиот пратеник изјавила дека таа битка била една од најкатастрофалните за Османлиите. Кралот Стефан III подоцна од страна на [[папа Сикст IV]] бил награден со титулата "''Verus christiane fidei aletha''" (вистински заштитник на христијанската вера).
 
Во 1484 година било освоено молдавското црноморско крајбрежје, а во 1503 година цела [[Бесарабија]]. Целосното зазимање се случило во [[1538]] година кога султанот започнал да ги назначува новите кнезови на Молдавија и како титула била користена кајмакам на Молдавија. Освен тоа на Молдавија и било забрането да има било какви односи со странски земји на штета на Османлиите но и била дозволена внатрешна автономија. На Османлиите им било забрането законски да поседуваат земјиште или да градат верски објекти во Молдавија.
 
Во согласност со [[Договор од Букурешт (1812)|договорот од Букурешт]] во [[1812]] година, покрај многуте простести на молдавските благородници на сметка на нивната самостојна состојба, [[Отоманската Империја]] (чиј вазал бил Молдавија) ја отстапила земјата на [[Руската Империја]] источната половина од територијата на кнежевството на Молдавија заедно со [[Хотин]] и стара Бесарабија (денешен [[Буџак]], [[Украина]]). Новата руска покраина била наречена „[[Област на Молдавија и Бесарабија]]“, која на почетокот уживала висок степен на самостојност.
 
Западниот дел од Молдавија (кој денес припаѓа на [[Романија]]) останал самостојно кнежевство, кое подоцна во [[1859]] година се соединило со [[Влашка]] ([[романски]]: ''Wallachia'') за формирање на [[Кралство Романија]].