SIMBAD: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
'''SIMBAD''' (кратенка од „'''S'''et of '''I'''dentifications, '''M'''easurements, and '''B'''ibliography for '''A'''stronomical '''D'''ata“, односно „Збир на идентификации, димензии и библиографија за астрономските податоци“) — [[астрономија|астрономска]] [[база на податоци]] за објектите надвор од [[сончевиот систем]]. Оваа база на податоци ја одржува [[Центар за астрономски податоци во Стразбур|Центарот за астрономски податоци]] (CDS) во [[Стразбур]], [[Франција]].
 
SIMBAD е создаден со спојување на Каталогот на ѕвездената идентификација (CSI) и Индексот на библиографија на ѕвездите кои постојат во информатичкиот центар [[Медон]], Франција, од 1979 година, а подоцна се проширени со дополнителни извори на податоци од други каталози и од академската литература. Првата интернет интерактивна [[семрежје|семрежна]] верзија, позната како Верзија 2, создадена е за користење во 1981 година. Верзија 3, создадена во [[C (програмски јазик)|програмскиот јазик C]], пуштена е во опсерваторијата Стразбур во 1990 година. Есента 2006 година се појави Верзија 4, заедно со софтверпрограмска опрема за поддршка, овој пат создаден во програмскиот јазик [[Јава (програмски јазик)|Јава]].
 
Од [[14 јуни]] [[2007]] г., SIMBAD содржи информации за 3.824.195 објекти со 11.200.785 различни имиња, 209.451 библиографски референци, и 5.455.841 библиографски наводи.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/SIMBAD