Десница (политика): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
Во [[политика]]та, „'''десно крило'''“, „'''политичка десница'''“ и само „'''десница'''“ се термини користени за [[Политички спектар|политичката ориентација]] лево-десно, односно како спротивна ориентација од [[Политичка левица|левицата]]. Има огромен број на дефиниции; со истото име во политиката понекогаш можат да се означуваат повеќе нешта. Сепак, воглавно се користи за објаснување на сегментите од политичкиот спектар коишто често се поистоветуваат со некои степени на [[конзерватизам]], американски конзерватизам, [[монархизам]], [[фашизам]], [[Либерализам|десничарски либерализам]], анархо-капитализам, палеолиберализам, неолиберализам, реакционизам, традиционализам, ројализам, религиозна десница, [[национализам]], милитаризам, продуцеризам, нативизам, реализам или едноставно како спротивно од левичарската политика.
 
Поимот настанал во [[Француска револуција|Француската револуција]], кога [[Либерализам|либералите]] од третиот ред граѓани седеле на лево од претседателската фотелја, навика што започнала во [[1789]]. [[Благородништво|Благородништвото]], членови на вториот ред, седеле на десно. На подоцнежните законодавни собири, монархистите кои го поддржувале стариот режим биле нарекувани десничари затоа што седеле на десната страна. Сѐ уште е традиција во [[Народно собрание на Франција|Народното собрание на Франција]] претставниците да седат на лево и десно од претседателот, според нивната политичка ориентираност.