Александар Лурија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 30:
|footnotes =
}}
'''Александар Романович Лурија''' ({{lang-ru|Алексáндр Ромáнович Лýрия}}; [[16 јули]] [[1902]] – [[14 август]] [[1977]]) — истакнат руски [[невропсихологија|невропсихолог]], еден од најпознатите невропсихолози на XX век. Негов примарен интерес било проучувањето на локализацијата на психолошките функции во [[мозок]]от, но учествувал и во бројни истражувања од областа на развојната психологија, повредите на предниот мозоченмозочна лобусполовина, [[афазиологија]]та, културните аспекти на когнитивното функционирање, невропсихолошките рехабилитациони програми, интервенциите во образованието итн. Пишувал и лични биографии на луѓе со необични когнитивни карактеристики.
 
== Биографија ==
Роден е на 16 јули 1902 година во [[Казањ]], [[Русија]]. Како дете растел во културна средина и научил да зборува германски, француски и англиски јазик. Покажувал интерес кон [[филозофија]]та, [[историја]]та и [[книжевност]]а. Во 1917, се запишал на Универзитетот во Казањ. Како студент во новоформираниот Оддел за социјални науки останал до 1921 кога и дипломирал. Бил активен студент, па проучувањето на социологијата му побудило интерес и во психологијата. По дипломирањето, се вработил како асистент во Институтот за научна организација на трудот, а продолжил да студира и во Казањ на Педагошкиот институт и медицинското училиште. Рано во својата кариера Луриа увидел дека валидниот приод во психологијата бара инкорпорирање на динамските аспекти на однесувањето и го вклучува како биолошкото така и културното влијание. На крајот од 1921, се преселил во Москва и многу набрзо толку многу се заинтересирал во психоанализата што основал и претседавал со психоаналитички кружок, а се ангажирал и околу издавање на важни психоаналитички трудови. Преку кореспонденцијата со [[Сигмунд Фројд]], кружокот добил право да направи превод на руски на некои негови важни психоаналитички дела.
 
Во 1922, Лурија започнал да работи на Московскиот институт по психологија кадешто своите истражувања ги фокусирал на пообјективни методи за проучување на афективните процеси наместо посубјективните кои се користеле во психоанализата. Ова му помогнало да го развие ‘комбинираниот моторен метод’ со кој Луриjа ги мерел моторните реакции од афективните дразби кај различни клинички, криминални и студентски групи со хроноскоп - апарат сличен на детекторот на лаги. Идеите што ги развил со овие истражувања веројатно ќе претставуваат рана еволуција во неговиот интерес кон саморегулаторните механизми кои ќе станат водечки во неговите подоцнежни проучувања на фронталниотпредната лобусполовина. Во 1923, кратко работел во Крупскаја академијата за комунистичко образование. Таму иницирал ново истражување каде ги анализирал вербалните асоцијативни реакции кај децата со цел да го проучува говорот и когницијата.
 
Животот на Лурија се менува во 1924, кога се запознал со Лав Виготкси на вториот серуски конгрес по психоневрологија во Ленинград. Бил толку импресиониран од приодот на Виготски кон психологијата што помогнал во организирањето покана за Виготски да работи во Москва. Од моментот кога се запознале, па се до смртта на Виготски во 1934, тие двајцата заедно со [[Алексеј Леонтиев]], нивен истомисленик, работеле на создавање на практична и марксистички ориентирана советска псхологија позната како ‘културно-историски приод’. Главниот принцип кој ги обединил Луриа и Виготски во оваа нова тероија била идејата дека психологијата би можела да гледа на вишите психолошки функции (свесната активност) само во контекст на нивниот развој во историските и културните процеси, а тие да се прикажат преку објективни принципи на мозочната функција. Тројката соработувала на еден обемен истражувачки програм во Москва кедешто проучувале што стои посреди психолошките функции кај децата и возрасните како и организацијата на психолошките функции кај пациентите со афазија, [[паркинсонизам]] и тешкотии во учењето. Централно место во теоријата имала улогата на културното посредство во конституирањето на човековите психолошки процеси и улогата на социјалната средина во структурирањето на овие процеси. Истражувачите верувале дека вишите ментални процеси се формираат првично помеѓу луѓето, во социјалната интеракција, а дури подоцна се повнатрешнуваат (интернализираат) како внатрешен говор и други когнитивни структури. Затоа, сите виши ментални функции прво се културно детерминирани и посредувани. Иако понатамошната елаборација на оваа теорија од страна на Виготски е прекината заради неговата прерана смрт, Лурија останал верен на динамската, културно-историска теорија до крајот на својот живот дури и во неговата невропсихолошка пракса.
Ред 51:
Заедничата сесија на Академијата на медицински науки и Академијата на науките која се одржала во Москва во 1950 година, резултирала со прекин на неговата невропсихолошка работа и затворање на неговата лабораторија на неврохируршкиот институт. Средбата претставувала идеолошки пораз на Советските биолошки и медицински науки, освен оние базирани на принципите на Павлов, и го натерала Лурија да најде прибежиште во пониска позиција на Институтот по дефектологија при Руската Федеративна Академија по Педагошки Науки. Во ваквата тешка политичка клима, било неопходно тој да направи измени во природата на своите истражувања. Се вратил кон користење на комбинираниот моторен метод и го применил во проучување на развојот на вербалната регулација кај нормални деца и деца со ментална ретардација. Врз основа на претходната работа иницирана со Виготски, продолжил да ја проучува онтогенезата на регулаторните функции кај усниот и пишаниот говор. Лурија ги модификувал своите клинички методи и креирал дијагностички тестови и методи за едукациски инструкции со овие деца.
 
Во 1959 година, лабораторијата во Неврохируршкиот институт Бурденко била повторно отворена и му било дозволено да продолжи со истражувањата во невропсихологијата. Во преостанатите 18 години од неговиот живот, лабораторијата на Лурија ќе стане водечка невропсихолошка институтција во Советскиот Сојуз. Покрај неговата клиничка активност и растечките одговорности како предавач на Московскиот Државен Универзитет. Лурија продолжил да ги развива и проширува своите идеи за церебралната организација на психолошките процеси. Особено го интересирала анализата на говорните и јазичните нарушувања и спровел истражувања за афазијата и невролингвистиката, регулаторната улога на говорот и јазикот во работата на фронталниотпредната лобусполивина и дијагностицирање на локалните мозочни повреди - теми кои го интересирале уште во пораните години.
 
Еден од најважните придонеси на Лурија во невропсихологијата е неговата концептуализација за трите функционални единици на мозокот. Тој сметал дека при секоја ментална активност учествува целиот мозок при што секоја од единиците (блоковите) придонесува во тоа на свој специфичен начин. Па така, првата единица која е сместена во мозочното стебло е одговорна за општата церебрална активност и побуденост и учествува во будноста и вниманието; втората фунцкионална единица која е сместена во постериорните (задните) церебрални региони има задача да ги процесира сензорните информации и да помага во анализата, кодирањето и складирањето на информациите; третата пак функционална единица која се наоѓа во антериорните особено фронталните региони на мозокот е одговорна за развивање и извршување на намерите, плановите и движењата. Во зависност од тоа кој дел од мозокот или фунцкионална единица е засегната од мозочната повреда, ќе се појават и различни фунцкионални психолошки нарушувања.