Разлика помеѓу преработките на „К2“

Одземени 20 бајти ,  пред 6 години
с
нема опис на уредувањето
с
Врвот К2 се наоѓа на границата помеѓу автономниот округ [[Ташкурган (автономен округ)|Ташкурган]] (кој е дел од [[Сјинџанг]], [[Кина]]), и северните територии на [[Пакистан]]. Овој регион е спорен, бидејќи и Индија исто така тврди дека тој е интегрален дел од индиската држава [[Џаму и Кашмир]]. Моментално К2 е под пакистанска управа.
 
Планината првпат била истражена од [[Европа|европски]] истражувачки тим во [[1856]] предводен од [[Хенри Хавершам Годвин-Остен]]. Томас Монтгомери бил член на тимот кој го нарекол врвот "К2" заради тоа што бил вториот откриен врв на масивот Каракорум. Кинеските власти К2 официјално го нарекуваат '''Ќогир''' (на [[кинески јазик|кинескикин.]]: {{јаз|zh|乔戈里峰}}, '''Qiáogēlǐ Fēng'''); други називи се '''Монт Годвин-Остен''', '''Ламба Пахар''' („Висока планина“ на урду), '''Дапсанг''', '''Кечу''' и '''Чогори''', што значи „Крал на планините“.
 
Искачувањето на К2 се смета за доста потешко од искачувањето на [[Монт Еверест]]. Во јуни [[2000]] само 189 лица се имаа искачено на К2, наспроти 1500 лица кои го имаа искачено Еверест на истиот датум. Дури 49 лица загинале на стрмнините на К2, од кои 13 само во [[1986]] година.
 
== Македонски освојувачи ==
Првиот [[Македонец]] кој се искачил на К2 е [[Здравко Дејановиќ]], кој врвот го качил на [[27 јули]] [[2014]] г. како дел од меѓународен состав.<ref>[http://www.explorersweb.com/everest_k2/news.php?url=k2-summits-day-2_1406449934 www.explorersweb.com]- портал со најнови вести од искачувањата на големите врвови низ светот</ref>
 
== Наводи ==
 
== Надворешни врски ==
 
:1. [http://www.explorersweb.com/everest_k2/news.php?url=k2-summits-day-2_1406449934 www.explorersweb.com]- портал со најнови вести од искачувањата на големите врвови низ светот
 
{{осумилјадници}}