Јероним Бос: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 32:
Бос е роден близу градот Хертогенбос, каде воедно го провел сиот свој живот. Дедо му, Јан ван Акен († 1454), бил сликар, прв пат споменат во записи од 1430 г. Познато е дека Јан имал пет сина, од кои четири биле сликари како него. Татко му на Бос, Анмтониус ван Акен (починал ~ 1478) работел како уметнички советник на Богородичното братство.<ref>Gibson, 15, 17</ref> Се смета дека Бос научил да слика од татка си или некој од чичковците, но од нив нема преостанато ниедно дело.<ref>Gibson, 19</ref> Самиот Бос за прв пат се споменува во градскиот тефтер од 1474 г, каде е споменат заедно со уште двајхца браќа и една сестра.
 
Хертогенбос во XV век бил просперитетен град и седиште на војводството [[Брабант (војводство)|Брабант]] во денешна јужна Холандија, кој тогаш бил составен дел од [[БургундискаБургундска Холандија]]. Подоцна градот прешол од власта на [[Хабсбурговци]]те по пат на брак. Во 1463 г. се случил катастрофален пожар, во кој изгореле 4.000 куќи - настан кој веројатно го посведочил самиот Бос како дете. Подоцна станал баран сликар и честопати добивал нарачки од странство. Во 1488 се придружил кон високопочитуваното Богородично братство, ултраконзервативна верска група од 40 влијателни граѓани на Хертогенбос, и уште 7.000 надворешни членови од разни делови на Европа.
 
Помеѓу 1479 и 1481 Бос се оженил со Алејтс Гојартс ван ден Мервен, која била неколку години постара од него. Брачниот пар потоа се преселил во блиското место [[Ојрсхот]], каде жена му добила имот од наследство.<ref>Valery, Paul. "The Phase of Doubt, A Critical Reflection".</ref>