Стогодишна војна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 17:
'''Стогодишната војна''' е името на серија вооружени конфликти помеѓу [[Англија]] и [[Франција]] кои траеле од [[1337]] година до [[1453]] година. Воените судири главно се водиле во [[Франција]].
 
Првата голема победа на Англичаните се случила во [[1340]] година. По ова, тие навлегле во [[северна Франција]] и веднаш постигнале уште една голема победа наречена [[биткатаБитка кај Кресија|Битката кај Кресија]] во [[1346]] година. Англичаните, кои имале околу 9.000 војници, ги разбиле француските војници кои биле околу 30.000 на број. Главна причина за поразот на Франција се согледува во англиските стрелци со лак, наспроти француската коњаница. По десет години од биткатаБитката кај Кресија, двете армии повторно одвиле голема битка позната како биткатаБтката кај ПоатеаПоатеја. На истиот начин, англиските војски повторно ги поразиле француските рицари. Новиот француски крал, [[Јован II Добриот]] бил заробен, и останатиот дел од својот живот го поминал во Англија. Негов наследник бил [[Шарл V]], кој раководил до [[1380]] година. Последиците од Поатеа биле многу тешки за Франција. Во [[1358]] година избувнало востание во [[Париз]] на чело со [[Етиен Марсел]]. Во [[1360]] година французите биле принудени да потпишат договор во [[Бретини]] со кој англискиот крал Едвард се откажал од француската корона, но за своја сметка ја добил цела југозападна Франција, места каде претходно се наоѓале англиските територии.
 
Војните продолжиле во [[1369]] година кога на чело на француските војски застанал [[Бертран Дугеклен]]. Тој направил нова тактика со која од функција ги отфрлил тешковооружените рицари и ги заменил со лесни одреди. Ги одбегнувал директните дејства со англиските стрелци и претпочитал партизански начин на војување. Како резултата на тоа, англиското присуство во Франција било повторно сведено само на неколку крајбрежни града. Но настанале нови внатрешни конфликти, како востание во [[Фландрија]] поради тешките даноци ([[1378]]-[[1382]]), како и ривалските конфликти помеѓу Кабошиените и Арманеките.
 
Во почетокот на [[15 век]], Англија повторно превзела нови походи кон Франција. Во [[1415]] година, [[Хенри V]] навлегол во Франција, каде во [[биткаБитка кај Азенкур|биткатаБитката кај Азенкур]] се соочил со француската армија. Англичаните, иако биле пет пати помалку на број, сепак ги победиле француските позиции. [[Нормандија]], [[Пикардија]] и [[Париз]] биле окупирани. [[Хенри V]] добил можност и достап до управните органи на Франција и бил признат од страна на многу аристократи за наследник на душевно болниот [[Шарл VI]]. Веднаш по ова, [[Бургундија]] влегла во сојуз со Англија. Во времето кога Хенри и Карло починале во [[1422]] година, Арманеките за француски крал го избрале [[Шарл VII]], син на Шарл VI. Од другата страна, новиот англиски крал повторно претендирал за круната. Англичаните го опсадиле [[Орлеан]], кој во тоа време претставувал т.н. врата кон [[јужна Франција]]. Во [[1429]] година се настапила [[Јованка Орлеанка]], седумнаесет годишна девојка која го убедувала француското население да се приклучи кон француската војска. Под нејзино раководство, тие го ослободиле Орлеан. Така, во [[1429]] година, Шарл VII бил прогласен за крал. Во [[1431]] година, [[Јованка Орлеанка]] била заробена од страна на бургундите и била предадена на англичаните, а по ова таа била осудена за [[ерес]] од страна на религиозниот суд на Англија и изгорена како [[вештерка]].
 
И покрај тоа, подемот на Франција продолжил. Во [[1436]] година, Французите го зазеле Париз и Шарл VII ја добил титулата “''Победник''“. Тогаш тој ги поставил ѝ основите на обединетата француска монархија, со издавање на документот Прагматична санкција во [[1438]] година. Со него, тој создал самостојна француска црква која била подчинета на кралот, го вовел основниот данок таил, формирал постојана и платена војска. Последните војни помеѓу англичаните и французите биле во периодот од [[1449]] година до [[1453]] година и се одвивале во Нормандија и Аквитанија. Во тие битки биле вратени Руан и Бордо. Со победата на французите во биткатаBитката кај Кастион во [[1453]] година, англичаните се повлекле без да потпишат мировен договор. Оваа година се смета за крај на Стогодишната војна. По ова, само крадот Кале останал под англиска власт, сè до [[1558]] година.
 
[[Категорија:Стогодишна војна| ]]