Рајан Вајт: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 28:
 
Државниот здравствен службеник на [[Индијана]], д-р Вудро Маерс, кој имал долгогодишно искуство со лекување на заболени од [[СИДА]] во [[Сан Франциско]], и центарот за контрола на болести го известиле училишниот одбор дека Вајт не претставува ризик за другите ученици, но училишниот одбор и многу родители ги запоставувале нивните изјави. Во февруари 1986 година, весникот за медицина „Нова Англија“ направил истражување на примерок од 101 човек кои живееле три месеци во близок но не и сексуален контакт со луѓе кои биле заболени од СИДА. Истражувањето покажало дека ризикот од инфекција бил „минимален до непостоечки“, дури и кога во контактот биле вклучени споделување на четки за заби, жилети, облека, чешли, чаши за пиење, спиење на ист кревет и гушкање и бакнување.
Кога Вајт е конечно повторно примен во април, група на семејства ги повлекле своите деца и ги запишале во други училишта. Заканите за насилство и тужби продолжувале и понатаму. Според мајката на Вајт, луѓето на улица кон Рајан често довикувале „знаеме дека си хомосексуалец“. Уредниците и издавачите на „Кокомо Трибун“, кои го подржувале Вајт уреднички и финансиски, исто така биле нарекувани хомосексуалци и добивале закани за смрт поради нивната подршка. Други мислеле дека таквата подршка била лицемерна и со срптивенспротивен ефект, оние непријатни изјави дека Рајан мора да биде хомосексуалец за да се зарази со ХИВ, исто така тврделе дека вирусот на ХИВ може да се пренесе преку секојдневниот контакт.
 
Вајт се школувал во Западното средно училиште во осмо одделение вопериодот 1986-87, но бил длабоко несреќен и имал неколку пријатели. Училиштето барало тој да јаде со еднократен прибор, да користи посебна бања, и самиот се откажал од барањето да се запише во гимнастичарскиот клас. Заканите продолжиле. Кога еден куршум бил испукан кон дневната соба на Вајтови, семејството одлучило да го напушти Кокомо. Откако завршила учебната година, неговата фамилија се преселила во Сисеро, Индијана, каде Вајт се запишал во Средното училиште „Хамилтон Хајтс“. На 31 август 1987 година, „нервно растревожениот“ Вајт бил пречекан од страна на директорот на училиштето Тони Кук, школскиот системски надгледувач Боб Г. Карнал, и мал број на ученици кои биле запознаени и школувани СИДА-та и несе плашеле да се ракуваат со Вајт.