Мариовско-прилепска буна (1564-1565): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 15:
|casualties2=
}}
{{Османлиско-македонски војни и востанија}}
'''Мариовско-прилепските буни''' се едни од првите начини на отпор против османското ропство во Македонија.
 
== Прва буна ==
Поради самоволието на собирачите на даноци во летото 1564 година се кренала првата локална буна на селаните во Македонија и тоа во Мариово во периодот на раст на Османлиската империја, кога со неа владеел [[Сулејман Величенствениот]]. Водачи на буната биле Димитри Стале од с.Сатока, попот Димитри од с.[[Градешница]], Стојан Пејо и попот Јако од с.[[Старавина]] и Матјо Никола од с.Велиште. Буната од Мариово се проширила во повеќе прилепски села. Турскиот султани испратил наредба до кадијата во Прилеп и Скопскиот санџакбег да ги фатат водачите на буната и да ги ликвидираат или да ги испратат како веслачи на бродови. На 4.12.1565 год. била издадена нова султанска заповед за воспоставување на ред и враќање на мирот. Се смета дека оваа буна била крваво задушена бидејќи во тоа време исчезнале селата Сатока и Пештје ([[Бешиште]]), но сепак оваа буна е една од причините што Мариово никогаш не било исламизирано.
Ред 23:
Втората мариовска буна во 1688/89 година, која имала помали размери од претходната. Тоа е време кога со Мариовскиот хас (општина) управувал Мехмед-Паша. Тој се жалел до Високата порта, дека мариовската раја и натаму се бунтува, а доста мариовци се одметнале во ајдуци.
 
{{Османлиско-македонски војни и востанија}}
[[Категорија:Македонија во 16 век]]
[[Категорија:Османлиска империја во 16 век]]
[[Категорија:Бунтови против Османлиската империја]]
[[Категорија:Отоманска Македонија]]