Персеиди: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:Perseid_meteor_2007.jpg|thumb|250px|Персеид снимен во 2007 година]]
'''Персеиди''' — метеорски дожд што се појавува секоја година во август од соѕвездието [[Персеј (соѕвездие)|Персеј]]. Ова настанува кога Земјата поминува низ облаци од честички прашина оставени од кометата Свифт Тутл. Најмалите честички се со големина на зрно песок,согоруваат во атмосферата на Земјата формирајќиобразувајќи метеорски дожд. Прво тој е со најголем интензитет па потоа постепено слабее. Овој метеорски дожд е активен од 17 јули па се до 24 август додека максимумот речиси секогаш е на 12 август. Бројот на метеори обично достигнува 60 метеори на час.
 
== Опис ==
[[Податотека:Perseid meteor and Milky Way in 2009.jpg|Шарен, долг Персеид удира во небото лево од Млечниот Пат во 2009 година|250px|left|thumb]]Како и повеќето метеорски дождови така и Персеидите се формираатобразуваат од остатоци од ''опашката'' на некоја комета(Свифт Тутл).Самата комета се доближува до Земјата само еднаш на 135 години, но преку нејзината ''опашка'' Земјата поминува секоја година.Кометата се движи кон Сонцето привлечена од неговата топлина, во меѓупланетарниот простор расфрла фини честички од мраз и прашина кои под влијание на сончевиот ветар се движат кон центарот на сончевиот систем.
 
Фрагменти од карпа исфрлена од јадрото на кометата паѓаат во атмосферата на Земјата и согоруваат во неа светкајќи како ѕвезди. Овој феномен може да се види од каде било во светот, но во северната хемисвфера е појасен овој феномен. Од Земјата се гледа како метеорскиот дожд да доаѓа од соѕвездието Персеј, па оттука е и називот Персеиди.