Лерин: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 35:
[[Податотека:A Church in Florina, Greece in 1910.jpg|thumb|right|Бугарска Црква во Лерин ([[1910]]), под јурисдикција на Бугарската Егзархија.]]
 
Името веројатно потекнува од зборот ''χλωρό'' ([[Македонски јазик|македонски]]: зелено) што се однесува на климата и вегетацијата на областа. Како град и област со доминантно македонско население, Лерин во историјата дал голем број на македонски борци, револуционери и херои. Во времето на Отоманската империја, во Лерин и Леринско крстосувале повеќе македонски чети кои биле организирани од познатиот револуционер [[поп Коста]] од леринското село [[Буф]]. Врз основа на леринскиот говор во [[1925]] година грчката влада под притисок на лигата на народите ќе го изработи Букварот (Абецедарот) за учениците [[МакедонциБугари]], кој по запалувањето на возот со кој бил транспортиран беше повторно издаден и промовиран во [[Солун]] и [[Атина]] во [[2006]] година. Лерин и леринско ќе дадат и голем број на партизани и борци во [[Демократска Армија на Грција|ДАГ]] за време на втората светска војна (1941 - 1945) и граѓанската војна во [[Грција]] (1945 - 1949), за што македонското население ќе доживее невиден терор, убиства, мачења и протерувања од своите огништа од страна на грчките власти. Најкрвав настан ќе биде убиството со обезглавување на повеќе млади Македонци и Македонки, од страна на грчките монархофашистички сили и англиските војници, среде бел ден во центарот на Лерин. Денес е актуелна состојбата со земјиштето на кое се наоѓа масовна гробница со тела на Македонци и [[Грци]] - борци на Демократската Армија на Грција кои загинале во битката за Лерин.
 
Во податоците на бугарскиот патеписец [[Васил Канчов]] и Бугарската езархија од крајот на XIX век, Лерин бил претставуван како мешан бугарскомакедоно-турски град.{{БИМ}}<ref>'''В. Кѫнчовъ''', ''Македония. Етнография и Статистика'', Българско Книжовно Дружество, София, 1900, с. 249</ref><ref>https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0._%D0%95%D1%82%D0%BD%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%84%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%B8_%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B0</ref> . Важно е да се наведе дека сите македонци биле бележувани како бугари во книгата. Нивното регионално самоопределување било македонско туку националното - бугарско.
 
== Населени места==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Лерин