Живко Чинго: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 13:
 
== Биографија ==
Роден е во 1935 г. во с. [[Велгошти]], [[Охридско]]. Завршил [[Филозофски факултет - Скопје|Филозофски факултет]] во [[Скопје]], извесно време работел како професор по литературакнижевност во гимназија во Охрид, а потоа во Скопје работел во „[[Студентски збор]]“, „[[Млад борец]]“, [[Радиотелевизија Скопје]], во Центарот за политички студии во Скопје и во Републичкиот комитет за култура. Бил директор на [[Македонски народен театар|Македонскиот народен театар]]. Членувал на [[ДПМ|Друштвото на писателите на Македонија]] (ДПМ) од [[1963]] година и бил академик во [[МАНУ]].
 
Во [[македонска книжевност|македонската литературакнижевност]] Чинго влегува кон крајот на педесетите години на [[XX век]]. Уште во своите први [[Расказ|раскази]] објавени во периодиката тој го свртува кон себеси вниманието на книжевната јавност. Со појавата на првата збирка раскази ''[[Пасквелија]]'' се навестува голем мајстор на расказот и била дочекана како литературнокнижевно откровение.
 
Првата збирка раскази ''[[Пасквелија]]'', издадена во [[1961]] година, била дочекана како литературнокнижевно откровение. Таа навестува голем мајстор на расказот, еден од водечките имиња на оваа раскажувачка форма. Неколку години подоцна, [[1965]] година, овој автор ја објавува и втората книга раскази ''[[Нова Пасквелија]]'', која го повторува големиот успех на првата книга. Во [[1966]] година Чинго го објавува романот за деца ''[[Сребрени снегови]]'', а во [[1971]] година и својот втор роман ''[[Големата вода (роман)|Големата вода]]'' (по која е снимен и истоимениот филм). Книгата раскази ''[[Вљубен дух]]'', овој автор ја објави во [[1976]] година, на [[српскохрватски јазик]].
 
Сите овие пет прозни дела, го сочинуваат јадрото на неговото творештво и го потврдуваат Чинго како автор со својствен раскажувачки свет, исклучителен по својата оригиналност, едноставност, со својата поетичност и непосредност, со својата раскажувачка драматика. Неговото творештво е високо вреднувано од македонската и [[Југославија|југословенската]] критика, а неговите дела се преведувани на: српскохрватски, [[Словенечки јазик|словенечки]], [[Албански јазик|албански]], [[Руски јазик|руски]], [[Полски јазик|полски]], [[Француски јазик|француски]], [[Унгарски јазик|унгарски]] и [[Германски јазик|германски]].
Ред 70:
* [http://www.blesok.com.mk/tekst.asp?lang=mac&tekst=332| Смртта на градинарот — расказ од Живко Чинго ]
 
 
{{МакЛит}}
{{Македонска книжевност}}