Света Гора: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 72:
Според грчкиот Устав, планината Атос е политичка самоуправа која ја сочинуваат 20 главни манастири (кои од своја страна ја сочинуваат Светата заедница која управува со територијата), а главниот град и админстративниот центар, [[Кареја]], е седиште на гувернерот како претставник на грчката власт. Духовно, Света Гора е под директна јурисдикција на Вселенскиот патријарх од [[Цариград]]. Покрај манастирите постоја уште и 12 скитови, помали монашки заедници, како и многу осамени монашки ќелии на целата територија на полуостровот. Сите личности кои го живеат манастирскиот подвиг на таа територија, стануваат грчки државјани без никакви формалности, по нивното монашење. Мирјаните можат да ја посетат Света Гора, но со посебна дозвола и благослов.
 
[[Податотека:Xenophontos Monastery.jpg|мини|десно|350п|Манастирот Ксенофонт од морето]]
Ниту една жена нема пристап на Атос. Дури и животните женки се забранети (освен, како што велат, мачки и кокошки, од чии жолчки - јајца се прават боите кои се користат при иконописот).