Чандарли Халил-паша: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 5:
Во времето кога султанот [[Мурат II]] не бил заинтересиран за владеење и управување со империјата и бил поблечен во [[Маниса]], со земјата управувал неговиот син [[Мехмед II]] заедно со Халил Паша од [[Едрене]]. Во два наврати Халил се обидел да го врати Мурат на тронот бидејќи се сомневал во силата на Мехмед, кое довело до големо незадоволство кај Мехмед. Така пред битката кај Варна Мурат се вратил на престолот. Кога Мехмед станал по втор пат султан во [[1451]] година, тој го задржил на оваа позиција и покрај заладените односи. Според византискиот историчар Дука, Халил сакал да одржува добри односи со [[Византија]], но бил и многу алчен за пари.
 
Сепак кога византискиот император испратил гласник до Османлиите барајќи да биде зголемен данокот за неговиот роднина Орхан кој бил држен во [[Константинопол]].<ref name="Byzantium 1453, page 375">The Last Centuries of Byzantium, 1261-1453, Donald M. Nicol, page 375, 1993</ref> и кој се сметал како претендент за престолот<ref name="Byzantium 1453, page 375"/>, на ова барање Халил Паша им одговорил:
 
{{цитат|Глупави Грци, го познавам веќе подолго вашиот зајадлив начин на барања. Вие сте будали и сметате дека не застрашувате со вашите фантазии. Ние не сме деца без сила. Доколку сметаде дека можете да направите нешто веднаш тоа да го сторите. Ако скате да го прогласиме Орхан за султан на Тракија (Румелија), повелете направете го. Ако саката да ги донесете Унгарците преку Дунав, нека дојдат и тие. Ако сакате да ги вратите местата кои ги изгубивте од поодамна, пробајте. Но да знаете дека нема да имате голем напредок во ниту едно од овие работи. Се што ќе направите ќе ви наштети за она што малку го имате за да го изгубите<ref name="Byzantium 1453, page 375"/>}}}}
 
Во [[1453]] година започнала [[Падот на Константинопол (1453)|опсадата на Константинопол]] на чело со Халил Паша и [[Заган Паша]]. По големиот неуспешен напад, на [[26 мај]] бил свикан собир на големите везири. На овој собир Халил се залагал за повлекување на опсадата. Така еедно од првите дела извршени од Мехмед II по освојувањето на Константинопол било неговата егзекуција и конфискација на неговиот имот станувајќи првиот везир погубен по наредба на султанот. Со ова бил ставен крај на ерата на Чандарли семејството.
 
== Наводи ==
{{наводи}}