Кара Мустафа-паша: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Кара Мустафа Паша''' (1634/1635 - [[25 декември]] [[1683]] година) бил отомански воен лидер и везир како главен лик во последните обиди на [[Отоманската империја]] за експанзија кон Централна и [[Источна Европа]]. Тој бил роден од турски родители и се оженил за една од ќерките во [[Копрулска фамилија|Копрулската фамилија]] служејќи како гласник на [[Дамаск]] во времето на [[Копрулу Фазил Ахмед Паша]].
 
Во текот на својата кариера служел како командант на копнените сили во војната против [[Полска]] во [[1672]] година кога била заземена [[Подолија]]. Во [[1676]] година кога починал неговиот полубрат [[Копрулу Фазил Ахмед Паша]], тој го наследил на функцијата големи везир.

Во негово време започнал конфликтот со Русија кога Османлиите биле принудени да потпишат договор во [[1681]] година. Во [[1683]] година започнал воен поход кон север на територијата на [[Австрија]] достигнувајќи до [[Виена]] во [[1683]] година со повеќе од 100.000 војници, следејќи ги стапките на [[Сулејман Величествениот]] од [[1529]] година. Кога се гледала победата над градот, во септември пред ѕидините дошла полската армија на [[Јан Собиески]] по кое следувал катастрофален пораз на Османлиите и нивно повлекување кон Унгарија. По поразот Мустафа бил задавен на [[25 декември]] [[1683]] година во [[Белград]] по наредба на [[Мехмед IV]].

Неговите последни зборови биле: ''Бидете сигурни дека сте го врзиле јазолот силно''. Неговиот надгробен споменик подоцна бил пренесен од Белград во [[Едрене]].