Разлика помеѓу преработките на „Бајазит-паша“

Додадени 1.900 бајти ,  пред 6 години
нема опис на уредувањето
(нс)
 
| footnotes =
}}
 
'''Бајазит Паша''' (? - {{починал на||јули|1421}}) бил османлиски државник и Голем везир на империјата во периодот од [[1413]] до [[1421]] година.
 
Тој бил роден во Амасија и одгледан во султанскиот сарај. Во времето на Бајазит I работел на повеќе воени позиции, а во времето кога синот на султанот, шехзаде Мехмед (идниот Мехмед I) станал управител на Амасија, тој му станал главен советник.
По катастрофалниот пораз кај Анагора во 1402 година и заробувањето на султан Бајазит, Бајазит Паша успеал да го спаси 15-годишниот Мехмед Челебија од силите на Тимур и да го засолни во Амасија. По крајот на граѓанската војна, Бајазит станал голем везир на Мехмед I. Во негово време било задушено востанието на Бедредин во 1420 година.
По смртта на Мехмед I, Бајазит ја сочувал неговата смрт за 40 дена додека султановиот син Мурат пристигне во престолнината и го зазеде тронот. Во јули 1421 година, само два месеци по крунисувањето на Мурат I, Бајазит Паша бил испратен да го задуши востанието на Мустафа Челеби, чичкото на Мурат. Во битката кај Едрене тој бил заробен и егзекутиран.