Разлика помеѓу преработките на „Микеланџело Буонароти“

Нема измена во големината ,  пред 5 години
с
нема опис на уредувањето
с (поправк)
с
Неколку млади момчиња мудро ја искористиле слабоста на Микеланџело.Во 1532 година, тој му напишал љубовна поема на Фебо ди Поџи, кој возвраќајќи му со шарм и посветеност, се обидел да извлече пари од него. Една година пред тоа, Герардо Перини бесрамно крадел од Микеланџело. Уметникот се обидувал на секој начин да ја заштити својата приватност. Николо Квартези кој му бил пријател на Микеланџело имал отоврено работилница. Еден од вработените таму, сакајќи да го запише својот син во школата на Микеланџело, му посочил дека е навистина талентиран, ветувајќи му дека ако треба ќе биде добар и во кревет. Микеланџело со гадење го одбил, барајќи од неговиот пријател Квартези, веднаш да го отпушти тој човек.
 
Највпечатливи се писмата во кои Микеланџело ја искажува љубовта кон ТомасоТомазо де Кавалјери (1509 – 1587 година), кој имал само 23 години кога го, во 1532 година, запознал уметникот кој тогаш имал 57 години. Ниту Кавалјери не го криел воодушевувањето кон Микеланџело – „ Ветувам дека ќе ти ја возвратам љубовта. Никогаш претходно не сум сакал некого онака како што те сакам тебе, никогаш така силно не сум копнеел по пријателство како што копнеам за твоето...“ Тој му останал верен на Микеланџело се до крајот на животот.
 
Микеланџело напишал повеќе од триста сонети и мадригали. Најголемиот дел од поемите биле посветени на Кавалјери. Некои од современите коментатори изјавуваат дека нивната врска била чиста платонска привлечност, посочувајќи ја можноста дека Микеланџело на него гледал како на свој син. Сепак, хомоеротската природа на нивната врска била добро позната во тој период, иако правнукот на Микеланџело, Микеланџело помладиот, се обидел да ја прикрие вистината, објавувајќи изданије од дел од поезијата на неговиот прадедо, во 1623 година, менувајќи го родот на заменките во поемите. Британскиот поборник на хомосексуалноста, Џон Адингтон Симондс, ја расветлит вистината која Микеланџело помладиот се обидел да ја скрие, преведувајќи ги оригиналните сонети на англиски јазик кои ги објавил заедно со биографија од два тома во 1893 година.