Сликата на Доријан Греј: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 38 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q82464 (translate me)
→‎Кратка содржина: Add image (translate?)
Ред 30:
 
== Кратка содржина ==
[[File:Houghton HEW 12.10.15 - The Picture of Dorian Gray, 1891 (cover).jpg|thumb|''The Picture of Dorian Gray'', 1891]]
Сé започнува еден убав ден кога лорд Хенри Вотон го набљудува уметникот Базил Холворд додека слика портрет на убав млад човек по име Доријан Греј. Лорд Хенри сака да се запознае со Доријан, и кога тој пристигнува подоцна, Базил по кратко двоумење се согласува да ги запознае. Откако ќе го слушне погледите на светот на лорд Хенри, Доријан почнува да мисли дека убавината е единствениот вреден аспект на животот, единственото нешто кон кое треба да се тежнее. Посакува портретот што Базил го слика да старее наместо него. Под влијание на лорд Хенри (кој наоѓа големо уживање во идејата за хедонистички живот и е нејзин силен застапник), Доријан започнува да ги истражува неговите сетила. Ја открива актерката Сибил Вејн, за време на една претстава во еден валкан и запуштен театар. И приоѓа и бргу потоа и предлага брак. Сибил, која му се обраќа со „принц од бајките“, брза дома да им каже за понудата на нејзините скептични мајка и брат. Нејзиниот заштитнички настроен брат Џејмс и вели дека ако „принцот од бајките“ ја повреди, тој без сомнение ќе го убие.