Разлика помеѓу преработките на „Архитектонски поредок“

с
с
Столбот се дели на три дела: труп, основа и капител. Кај класичните згради, хоризонталната градба налик на таванска греда се нарекува ''[[перваз]]''. Первазот се дели на архитрав, фриз и корниз. За најлесно разликување на разните класични редови треба да се погледне капителот како најсвојствен од елементите.
 
Целосниот столстолб и первазот се состојат од неколку различни делови. ''Стилобатот'' е рамен плочник на кој се поставуваат столбовите. Врз стилобатот доаѓа ''плишот,''кој е квадратен или кружен блок кој го сочинува најдолниот дел од основата. Нагоре доаѓа остатокот од основата: еден или повеќе кружни [[ѕиден украс|ѕидни украси]] со профили. Чести примери се конвексниот ''[[тор]]'' и конкавната ''скотија,'' одвоени од филае или појаси.
 
На врвот на основата, ''оската'' се поставува вертикално. Трупот по облик е цилиндричен, долг и тесен. Тој често пати се декорирал со веертикални зарези. Трупот е поширок при дното отколку при врвот, заради ''[[ентаза]]'', која почнува од третината нагоре. Така, столбот е незабележлино потенок при врвот.