Знаме на Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 50:
Процесот на усвојување и промена на државното знаме на Македонија започнал во 1995 година. Летото, тогашната Влада на Македонија го задолжила Мирослав Грчев да подготви идејни решенија за ново знаме и нов грб на државата. Така, за еден месец, Грчев изготвил по 12 дизајни за знаме и грб на Македонија, каде знамињата се делеле на: знамиња со златен диск на црвена основа, знамиња со златен диск кој излегува од границите на знамето, знамиња со златни дискови и триаголни зраци и знамиња со златни дискови и со златни краци на целата основа. При изработка на знамето, Мирослав Грчев морал да внимава на двата критериума поставени од Владата на Македонија<ref name="хералд"/>:
#знамето да ги има истите бои како и претходните македонски знамиња, односно крвава црвена и златно жолта, и
#знамето да го има сонцето како единствена апликација.Сегашното знаме се смета дека тоа било симбол на династијата,а шеснаесеет кракото сонце симбол на МАКЕДОНСКАТА империја и држава.
 
По поднесувањето на сите 12 дизајна на знамиња и исто толку грбови, Собранието воопшто не расправало за грбот, иако тоа било во план, а како ново знаме се зел последниот предлог на Грчев, односно дизајнот каде сончевите зраци се на целата површина на знамето. Интересно е тоа што в0 оригиналниот дизајн немало одделување на зраците од дискот, туку тоа било отпосле сменето во Собранието. За таа промена, Мирослав Грчев вели дека не е во согласност со графичките, естетските и ликовните правила.<ref name="хералд"/>