Преспа: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 29:
Самата Преспа има важна геостратешка положба. Уште за време на Римското владеење низ Преспа поминувал познатиот староримски пат "[[Виа Игнациа]]". Покрај него биле изградени повеќе населби и попатни страници. Една од познатите станици била [[Скиританија]], на чие место подоцна израснала населбата [[Ресен]]. Низ Преспа, покрај самото Преспанско Езеро поминувале уште и патот "[[Виа Епирица]]"- епирскиот пат и Костурскиот пат. Во [[6 век|VI]] и [[7 век|VII]] век во Преспа се населуваат словенски племиња од племенскиот сојуз [[Березити]] - [[Брсјаци]].
 
Во [[10 век|X]] и [[11 век|XI]] век, за време на владеењето на [[Цар Самуил|Самуил]], [[Гаврило Радомир]] и [[Јован Владислав]] се спомнува покрај Преспанското езеро градот Преспа, престолнина на првата средновековна македонска држава. Овој град истовремено бил седиште и на архиепископот на Афтокефалната македонска црква, чие седиште подоцна е пренесено во [[Охрид]]. Овде е основана и првата држава на македонските Словени под водство на синовите на кнезот Никола,четворицата комитопули: Давид, Арон, Мојсеј и Самуил. Најмладиот Самуил бил прогласен за цар. Успешно владеел со првата македонска држава. Самоиловото царство се протегало од Македонија и цела Бугарија на исток, [[Тесалија]], [[Епир]] и Албанија на запад, до [[Дукља]], [[Рашка]], [[Срем]] и [[Босна]] на север. Владеел од [[976]] год до [[1014]] год. Таа година бил поразен од византискиот цар [[Василиј II]] во битката на Беласица. На 14000 заробени војници им биле извадени очите,секој стоти имал по едно око, Царот Самоил ги пречекал во Преспа и скршен од болка умира на [[6 октомври]] [[1014]] год. Државата опстојувала се до [[1018]] год. Во тој период Царот Василиј II ја изградил тврдината [[Василида]] на Петринска планина над с. [[Евла (село)|Евла]] и Константион покрај западниот дел од Преспанското езеро покрај населбата [[Сирхан (Отешево)|Сирхан]].
 
Во [[1888]] година во селото Герман, Долна Преспа сега во Република Грција пронајдена е надгробната плоча на Самуиловите родители, неговиот татко Никола-брсјачки кнез, мајка му Рипсимија и братот Давид, а датира од [[993]] година. Тоа е еден од првите пишувани споменици на словенски јазик. Моментално се наоѓа Во Софискиот музеј, највероватно пренесен во виорот на војните. Од тој период на островот Ахил во малото Преспанско езеро сѐ уште постојат остатоци од Катедралната црква подигната од Самоил во чест на [[Св. Ахил]].
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Преспа