Битка кај Херонеја: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 16:
|casualties2=1.000 загинати атињани<br>Вкупни беотски жртви непознати (но најмалку 254)|
}}
'''Битка кај Херонеја''' ([[338 п.н.е.]]) — важна битка на [[Македон|Македонското кралство]] под водство на [[ФилиФилип II Македонски]] одиграла близу [[Херонеја]], во [[Беотија]] и била најголемата победа на [[Филип II Македонски]]. Таму Македонците и [[Тесалијци]]те под командата на Филип (со 32.000 војска) ги поразил помалите комбинирани сили на [[Атина (полис)|Атина]] и [[Теба]], зацврстувајќи ја македонската хегемонија во Грција.
 
Битката се водела по класичните принципи на војување - [[фаланга|фалангата]] на Атина и нејзиниот сојузник, Теба наспроти [[Македонска фаланга|македонската фаланга]] на Филип. Атињаните биле на левото крило, а Тебанците на десното (со важниот [[Свет тебански баталјон|Свет баталјон]]) најдесно. Атињаните и Тебанците биле сместени до центарот на борбената линија. Кај Македонците пак, Филип го командувал десното крило, додека [[Александар Македонски|Александар]] го командувал левото - иако надгледуван од најдобрите команданти на кралот. Славните [[коњички придружници]] биле сместени позади македонската борбена линија.
 
Античките извори велат дека двете страни жестоко се бореле долго време. Филип намерно ги повлекол неговите трупи на десното крило за да ги пробие грчките линии. Александар бил прв што ги разбил тебанските линии, проследен од ''храбар баталјон'' (веројатно роднини и пријатели); откако го видел ова, Филип се заложил да нападне со сет бес, а Атињаните - страствени, но неувежбани - не можеле да им се спротистават на македонските ветерани. Со повлекувањето на Атињаните, Тебанците останале да се борат сами и биле поразени. Од славните 300 членови на [[Свет тебански батаљон|Светиот тебански батаљон]], 254 загинале, додека 46 биле ранети и заробени.