Независна Држава Македонија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Jingiby (разговор | придонеси)
Jingiby (разговор | придонеси)
Ред 48:
Од Загреб Михајлов продолжил да оддржува тесни контакти со Рим и со Берлин. Пролетта 1943 година, тој се договорил со началниците на италијанската армија за формирање на одреди кои би ги помогнале италијанските окупаторски сили во северна Грција. Во октомври 1943 година, непосредно по повлекуваењто на Италијанците од Балканот, по преговорите со [[Хајнрих Химлер]], Михајлов договарил формирање на силна групација под името [[Охрана]], која би била распоредена во грчки делови на Македонија окупирани од Германците. Меѓутоа, од Бугарија - Цар [[Борис III]], како и власта на военото раководство во државата, гледале со немир врз активностите на Михајлов, бидејќи се плашеле дека неговиот план да формира „Независна Македонија“ може да успее. И за да може да биде контролиран, била поништена неговата смртна пресуда и му се предложило да се врати во Бугарија и да заземе раководно место во Вардарска Македонија, но Михајлов го отфрлил тој предлогот. Поповолна е неговата реакција кон предлогот на германскиот министер за надворершни работи, Јоахим фон Рибентроп да биде претседател на една македонска држава под покровителство на Третиот рајх.
 
На 1 септември 1944 година, Хитлер издал наредба за брзо прогласување и формирање на слична таква држава. Така, поради Црвената армија која бргу навлегувала на Балканот, требало да се гарантира повлекувањето на Вермахтот од Грција. Михајлов го задржал правото да даде конечен одговор на германскиот предлог, откако ќе го посетел Скопје. На 3 септември 1944 година тој пристигнал со германски воен авион од Загреб во Софија каде ја разгледал ситуацијата со останатите соработници. Истовремено СССР и објавил војна на Бугарија на 5 септември. Непосредното навлегување на советските трупи во балканската држава, довело до драматично изострување на воената ситуација. На истиот 5 септември Михајлов патува од Софија за Скопје, каде на 6 септември има повеќе средби со активисти на ВМРО и со месни првенци како и средби со комунистички партизани и со претставници на граѓанското ослободително движење на [[Методија Андонов-Ченто]]. Вечерта тој го соопштил своето негативно решение, кое веднаш било испратено од германскиот генерален конзулат во Скопје до амбасадата во Софија. Аргументирајќи го своето решение, Михајлов се потпрел најмногу на отсуство на приврзаници кои би биле подготвени да застанат зад независноста. На 6 септември 1944 година во штабот на Петтата бугарска армија била примена наредба сите полкови да се соберат на 9 септември во Прилеп и да се движат источно од реката Вардар. Така започнало повлекувањето на бугарската армија од Македонија, што било дезорганизирано и хаотично. Додека Хитлер негодувал поради откажувањето на Михајлов, Вермахтот го презел управувањето на Македонија во свои раце во моментот кога таа е „оголена“ заради повлeкуването на бугарските сили. Михајлов заедно со неколкуте верни другари, биле евакуирани на 7 септември од СС припадниците од Скопје во Хрватска. Откако на 6 септември Михајлов категорично одбил да ја прогласи независноста на Македонија пред пратеникот на Фирерот д-р Гарбо, на 7 септември, врховениотврвниот командант на германската група армии "Е" излезнал со нов предлог да се создаде македонска влада. Овој пат предлогот бил доставен до д-р [[Христо Татарчев]], кој во текот на летото на 1944 година заедно со неговата сопруга се наоѓал во родниот Ресен.
Во проектот било наведено дека Татарчев е "''еден од основачите на македонското ослободително движење, на возраст од околу 70 години, ужива се со авторитет меѓу населението, пројавува се како активен публицист со прогермански убедувања''". И овој обид останал неуспешен.
[[File:Post-Stamp-Bg-Mc-1944.jpg|десно|мини|250п|Бугарски поштенски марки користени во Независна Македонија. Тие биле препечатани како македонски на 8 септември 1944 година - денот на прогласувањето на новата држава.]]