Ѓорѓи Зографски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 59:
[[Податотека:Ženski portret.jpg|мини|лево|''Женски портрет'', околу 1894]]
 
По Русија заминал во Бугарија, каде останал до 1888 година. Потоа, се вратил во Македонија и се приклучил на тајфата на татко си Јаков. Со кого работел во Македонија, Бугарија и Србија, сè до нееговата смрт во 1907 година. Во Софија Јаков Зографски имал свое ателје во кое, по враќањето од Русија, се приклучил и Ѓорѓи, каде покрај икони сликал и ѕидни (фреско) декорации по куќите на богатите семејства и портрети на познати Македонци кои што живееле и работеле во [[Софија]].
 
Во 1894 година Зографски се оженил со Сава Мицајкова со која им се родил синот Тодор. По четири години брак Сава умрела, а Зографски заедно со татко му Јаков, заминал во Србија. Во 1903 година Зографски повторно се оженил, со Роса Вецинова од Велес, со која имал три машки деца, Јован, Јордан и Данчо. Во овој период сликал икони за црквите „Св. Никола” во с. Рудник, „Вознесение Христово” во с. Еловец и манастирот „Св. Вмч. Димитрија” во Велес.