Ѓорѓи Зографски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 68:
По смртта на неговиот татко Јаков во 1907, Зографски заминал во [[Ниш]], каде отворил свое ателје. Таму ги сликал иконите за црквите „Архангел Михаил” во село Балаинац, „Св. Јован” во Орлање, „Св. Прокопиј” во с. Шумане, Лесковачко, „Св. Илија” во с. Печењевац, „Собор на светите апостоли” во с. Турековац и др. Во овој период Зографски сликал и портрети на познати свештени и политички личности во Србија.
 
=== Во Велес (1912-1932) ===
За време на [[Првата балканска војна]] живеел и работел во Велес каде отворил работилница за подготовка на дрвени подлоги за икони, сликање икони и фотографско студио. Сликал икони за повеќе цркви во градот и велешките села, како и во [[Штип]] и [[Кратово]], а поради големиот авторитет што го уживал во градот, бил избран за кмет на Велес. „Периодот од 1927 до 1929 година се смета за еден од поплодните негови периоди. Покрај икони и живопис, насликал и доста портрети на познати личности, трговци, занаетчии и на негови пријатели од [[Велес]].