Ѓорѓи Зографски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 28:
'''Ѓорѓи Зографски''' (1871-1945) — македонски [[зограф]] и [[сликар]]. Тој е директен потомок на познатата зографска, резбарска и градителска фамилија на Дамјан Јанкулов (1770 - 1830) од [[Тресонче]].<ref>''Umetničkoto bogatstvo na Makedonija, Kosta Bojadžievski, Slavko Janevski; Makedonska kniga, 1984''</ref> Најголем број од неговите дела претставуваат портрети.
 
== БиографијаРани години ==
=== Рани години ===
[[Податотека:Church builders, fresco painters and wood carvers from Papradište and Veles.jpg|мини|лево|Во делото ''Папрадишко-велешки црковни градители, зографи и резбари'', 1942, Зографски насликал 14 ликови на градители, зографи и резбари кои потекнувале од Рензовско-Зографскиот род.]]
Роден е во село [[Папрадиште (Велешко)|Папрадиште]], [[Велешко]] во 1871 година. Неговиот татко, Јаков, потекнува од Рензовско-Зографскиот род, кој дал бројни мајстори на својот занает. Неговата мајка се викала Ката. Основно образование завршил во родното место, учејќи азбука и читање од стари старословенски книги од кои поголемиот дел биле од црковен карактер. Од најраното детство Зографски почнал да го придружува својот татко на неговите печалбарски патувања со цел да го учи зографскиот занает. На 13 години, Ѓорѓи бил сведок на еден крвав настан во [[Папрадиште (Велешко)|Папрадиште]], кога една албанска дружина предводена од Фазлија од село [[Црнилиште]], Прилепско ја опљачкала фамилијата на Дело Тримчевски, убила голем број членови на оваа фамилија, а биле поштедени само најстариот син Наце и неговото семејство. Еден дел од жените насилно бил одведен, а нивната куќа била запалена. После овој настан Јаков Зографски бил принуден, како и други мештани, да се исели од [[Папрадиште (Велешко)|Папрадиште]] и се преселил во [[Велес]] во 1884 година. Меѓутоа, настанот од [[Папрадиште (Велешко)|Папрадиште]] останал во меморијата на Ѓорѓи Зографски, кој во неговите подоцнежни дела направил негова реконструкција.