Трескавец: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 99:
 
==Црква „Успение на Пресвета Богородица“==
[[Податотека:Манастир Трескавец.jpg|мини|десно|Црквата „Успение на Пресвета Богородица“]]
Црквата посветена на [[Успението на Пресвета Богородица]] е манастирска црква во манастирот Трескавец.
Таа во основата е еднокорабна, со наос надвишен со купола и разделен со пиластри на неколку краеви. Однадвор олтарната апсида, на исток е тристрана. Под длабокиот слој малтерисани ѕидови од северниот параклис, видливи се фрески што датираат од XIV век. Од овој век е и припратата со двете куполести кули, сместени на западниот дел на црквата. Фрескоживописот во црквата „[[Успение на Пресвета Богородица]]” го сочинуваат фрески од различни временски периоди. Најстари се оние на ѕидовите во просторот на двете кули, од [[1334]] – [[1343]] година, чиј ктитор бил цар Душан. Тие илустрират теми на календар и на светии претставени во полна големина, проследени со стиховите на Христофор Митиленски.