Википедија:Почетен курс (Не заборавајте): Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
с пријавување --> регистрирање
с поправки
Ред 14:
 
===Неутрална гледна точка===
Правило при уредувањето на Википедија е она на „'''[[ВП:НГТ|неутрална гледна точка]]'''“, често скратено како „НГТ“. Ова правило вели дека ги прифаќаме сите важни гледишта на еден проблем. Наместо една перспектива, ние ги прикажуваме сите релевантни гледни точки без да им судиме. Нашата цел е да информираме, а не да убедуваме. Ова правилаправило НЕ значи дека нашите статии се 100% објективни, бидејќи во секој конфликт сите страни вреуваат дека нивниот поглед е „правилен“.
 
ОК е да давате мислења во статии, но тие мора да бидат презентирани како мислења, а не како факти, Исто така, добра идеја е да им придавате атрибути на овие мислења, како на пример: „Поддржувачите на ова велат дека...“ или „Познатиот коментатор X верува дека...“
 
Можно е да најдете дискусии за статии во кои се вели дека е оспорена неутралноста. Овде станува збор за статии кои се очигледно напишани од една перспектива. Маркетингот на продукти е во оваа категорија, како и политичката определеност. Во помалку екстремни случаи, статиите имааатимаат проблеми со неутралноста ако значително подолго дискутираат само еден поглед во однос на друг со иста важност, и покрај тоа што погледот е презентиран на неутрален начин.
 
Бидете внимателни ако го посветите своето време во уредување на контроверзни статии во теми како што се политиката или религијата и запомнете да останете смирени и објективни кога дебатата ќе се вжешти. Ако се посветите на помалку емоционални теми, на пр. статии за видео игри или филмови, пак запомнете да ја чувате својата неутралност.
Ред 39:
Википедија охрабрува атмосфера на пријателство и отвореност. Секако, во пракса понекогаш се случуваат некои несогласувања и по некој вжештен аргумент, но од членовите на заедницата се очекува да се однесуваат на генерално цивилен начин.
 
Најважната работа која треба да ја имате на ум е дека секогаш треба да '''претпоставите добри намери''' во врска со другите уредувачи. Не претпоставувајепретпоставувајте дека некој делува од инает или за зли намери. Ако некој или нешто Ве вознемирува, оставете учтива порка на страницата за разговор на поврзантаповрзаната статија или на страницата за разговор на корисникот, и прашајте зошто. Можете да откриете понекогаш дека сте избегнале недоразбирање и сте се поштедиле себеси од посрамување.
 
<!--<div style="float: right; background-color:#f5faff; color: #000; padding: .2em .6em; font-size: 100%; border: 1px solid #cedff2; margin-bottom:3px;">'''За подетална дискусија за однесувањето, видете [[Википедија:Етика]].'''</div>{{-}}-->
 
===Преименување на статии===
Ако најдете статија за која верувате дека е погрешно именувана, Ве молиме, немојте да ја копирате и залепите содржината на старата статија во нова статија - меѓу другите работи, ги одделува претходните уредувања од нивната историја на уредувања (кои мораме да ги чуваме заради причини поврзани со авторските права). Преферираниот метод е да се '''премести''' страницата во новото име,. Ако ова Ви е прв обид за таков потфат, Ве молиме внимателно читајте ги правилата на страницата за преместување, бидејќи има број на проблеми кои треба да се имаат на ум при преместување на статии. Најдобро би било да се консултирате со некој од [[:Категорија:Википедија:Администратори|администраторите]] или од поискусните уредувачи.