Галаксија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 22:
{{Главна статија|Елиптична галаксија}}
 
Според Хабловиот систем на класификација, елиптичните галаксии се оценуваат според нивната елиптичност започнувајќи од Е0 која е речиси сферична, до Е7 која е многу издолжена. Овие галаксии имаат елипсовиден профил, што им дава елиптичен изглед без оглед на аголот на гледање. Нивната појава покажува мала структура и тие вообичаено имаат мала [[меѓуѕвездена материја]]. Следствено, овие галаксии имаат мал број на [[Отворенорасеано ѕвездено јато|отворенирасеани јата]] и намалена стапка на формирање на ѕвезди. Наместо, кај нив доминираат генерално постари, поеволуирани ѕвезди кои орбитираат во заедничниот центар на гравитација во произволни насоки. Ѕвездите содржат мало изобилство на тешки елементи бидејќи формирањето на ѕвезди престанува по иницијалната експлозија. Во таа смисла, тие имаат некои сличности со многу помали [[Збиено ѕвездено јато|збиени јата]].<ref>Barstow, M. A. (2005). [http://www.star.le.ac.uk/edu/Elliptical.shtml "Elliptical Galaxies"]. Leicester University Physics Department. Retrieved 2006-06-08.</ref>
Најголемите галаксии се џиновски елиптични галаксии. За многу елиптични галаксии се верува дека се формирани како резултат на [[Интеракција на галаксии|интеракцијата на галаксиите]], односно преку судир и спојување. Тие растат во огромна големина (на пример споредено со спиралните галаксии) и џиновските елиптични галаксии често се наоѓаат близу јадрото на големи јата на галаксии.<ref>[http://curious.astro.cornell.edu/galaxies.php "Galaxies"]. Cornell University. 2005-10-20. Retrieved 2006-08-10.</ref> [[Ѕвездораспрснувачкa галаксиja|Ѕвездораспрснувачките галаксии]] се резултат на таков галатички судар кој што може да резултира во формирање на елипична галаксија.<ref>Barstow, M. A. (2005). [http://www.star.le.ac.uk/edu/Elliptical.shtml "Elliptical Galaxies"]. Leicester University Physics Department. Retrieved 2006-06-08.</ref>
 
Ред 28:
{{Главна статија|Спирална галаксија|Спирална галаксија со пречка}}
 
Спиралните галаксии се состојат од ротирачки диск од ѕвезди и меѓуѕвездена средина, заедно со централна [[испакнатина]] од постари ѕвезди. Од испакнатината кон нанадвор се протегаат релативно светли краци. Според Хабловата класификациска шема, спиралните галаксии се наведени како тип S, проследено со буква (a, b или c) која што го означува степенот на затегнатост на спиралните краци и големината на централната испакнатина. Sa галаксијата има тесни засеци, слабо дефинирани краци и има релативно големо јадро. Во друга крајност, Sc галаксијата има отворенирасеани, добро дефинирани краци и мало јадро.<ref>Smith, G. (2000-03-06). [http://casswww.ucsd.edu/archive/public/tutorial/Galaxies.html "Galaxies — The Spiral Nebulae"]. University of California, San Diego Center for Astrophysics & Space Sciences. Retrieved 2006-11-30.</ref> Галаксија со слабо дефинирани краци понекогаш се нарекува [[флокулентна спирална галаксија]], како спротивност на грандиозно дизајнирана спирална галаксија која има истакнати и добро дефинирани спирални краци.<ref>Van den Bergh 1998, p. 17</ref>
 
Во спиралните галаксии, спиралните краци имаат форма на приближна [[логаритамска спирала]], образец кој теоретски се прикажува како резултат на нарушување во рамномерно ротирачката маса на ѕвезди. Како и кај ѕвездите, спиралните краци ротираат околу центарот, но со постојана [[аголна брзина]]. За спиралните краци се смета дека се подрачја на материја со голема густина или "густински бранови".<ref>Bertin & Lin 1996, pp. 65–85</ref> Како што ѕвездите се движат низ краците, просторната брзина на секој ѕвезден систем се менува од страна на гравитациската сила со поголема густина. (Брзината се враќа во нормала откако ѕвездите ќе заминат на другата страна на краците.) Овој ефект е сличен на "бран" од забавување при поминување покрај автопат полн со возила во движење. Краците се видливи бидејќи високата густина го олеснува формирањето на ѕвезди и следствено таму се засолнуваат многу млади и светли ѕвезди. Многу лентовидни спирални галаксии се активни, можно како резултат на гас кој се канализира во јадрото по краците.<ref>Belkora 2003, p. 355</ref>