Тромсе: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 62 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q26087 (translate me)
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Тромсе''' ([[норвешки]]: Tromsø) е деветтазначаен по[[Градови големинаво урбанаНорвешка|град зонаво споредНорвешка]]. населениетоГрадот се наоѓа во состав на покраината [[Северна Норвешка]] и седмие седиште и најголем [[град]] пона големинаистоимениот исто[[Окрузи такаво споредНорвешка|округ]] население[[Тромс]]. Според податоците за бројот на населението во [[Норвешка2012]]. Тојгодина ево најголемТромсе градживеат и71.590 урбанажители. зонаТромсе е најсеверниот град во [[Северна Норвешка]] и втор град по големина северноград однад [[северенСеверен поларен круг|Северниотсеверниот поларен круг]], веднаш после [[Мурманск]]. ЗафаќаВо површинасклад одсо 2тоа,523.93 km2градот е и населениеглавно однорвешко 70.011[[пристаниште]] жителиза развојот на [[север]]ниот дел на [[држава]]та и истражувањето на [[Арктик]]от.
 
==Природни услови==
Градот Тромсе се наоѓа во северниот дел на Норвешка. Од главниот град [[Осло]] е оддалечен 1.650 километри северно. Според тоа, главната врска со Осло и останатиод дел на Норвешка ја има преку авио-сообраќајот.
 
'''Рељеф''': Тромсе се наоѓа на северозападниот брег на [[Скандинавски Полуостров|Скандинавскиот Полуостров]]. Се развил на истоимениот [[фјорд]] Тромсе. Градот го опкружуваат [[планини]], па според тоа, надморската висина изнесува од 0-100 метри.
 
'''Клима''': [[Клима]]та во Тромсе е [[континентална клима|континентална]] со големо влијание на [[Атлантски Океан|Атлантикот]] и [[Голфска струја|Голфската струја]] и [[Арктик]]от. Многу е поостра од останатиот дел на Норвешка јужно, но и значително поблага од некои места на слична географска ширина.
 
'''Води''': Тромсе се развил како морско пристаниште на заливот на истоимениот фјорд Тромсе, на брегот на [[Северно Море]]. Заливот не е отворен кон [[море]]то, туку овде се наоѓаат повеќе мали [[полуостров]]и и [[остров]]и. Поголемиот дел од градското подрачје се наоѓа на островот ''Тромсеја'', а помалиот на [[копно]]то.
 
==Историја==
Првите траги на населување на местото на денешен Тромсе биле во праисториско време и се поврзани со [[Лапонија|лапонските]] староседелци. Зачетоците на денешната норвешка населба се поврзани со [[Среден век|средниот век]], поточно [[1252]] година, кога на ова место се подигнува [[црква]], како место за собир. Меѓутоа, местото не било многу значајно во текот на следните векови. Тромсе во [[1794]] година добил градски права, што претставувало вовед во развојот на градот во [[19 век]], кога станува центар на развојот на [[Европа|европскиот]] дел на [[Арктик]]от. Во текот на петгодишната окупација на Норвешка ([[1940]]-[[1945]]) од страна на [[Трет рајх|Третиот рајх]], Тромсе и неговото население не страдале многу.
 
==Население==
Денес Тромсе има околу 71.000 жители, што е за трипати повеќе отколку пред пола век. Во последните години бројот на населението во градот се зголемува по просек за 1% годишно.
 
==Стопанство==
[[Стопанство]]то се заснова најмногу на користење на ресурсите од норвешкиот дел на [[Арктик]]от. Најразвиени гранки се [[риболов]]от и [[морепловство]]то, а денес сè повеќе се развива и истражувањето на Арктикот.
 
==Надворешни врски==
* [http://www.tromso.kommune.no/ www.tromso.kommune.no Официјална страница на градот]
 
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Тромсе