Разлика помеѓу преработките на „Уметност“

Додадени 52 бајти ,  пред 5 години
с
Уметничката преродба обично се смета дека започнала со Ренесансата во [[Италија]] во 15 век<ref name="Gombrich_ch13">{{harv|Gombrich|2001|p=247-267|id=Gombrich2001}}</ref>. Италијаните тој период го нарекуваат кватроченто. Периодот на [[Ренесанса]]та се протега и низ 16 век имајќи го својот процут во повеќе европски земји. Иако обработува теми од митологијата и античката уметност, таа сепак не претставува враќање назад: има нови техники, новиот политички, социјален и научен контекст, им овозможува на уметниците да иновираат<ref>{{harv|Gombrich|2001|p=287|id=Gombrich2001}}</ref>. Повторно се открива и се усовршува [[перспектива]]та. Се развива техниката на сликарството во масло. Додека во Средниот век уметничкиот израз бил свртен кон религијата, во ренесансата центар на внимание е човекот. За првпат уметноста продира во сферата на приватното: делата не се само нарачувани од страна на моќниците на Црквата или државата; тие навлегуваат и во домовите на буржоазијата<ref name="Gombrich_ch13"/>.
 
[[Податотека:Piero della Francesca Formerly_Piero_della_Francesca_- Ideal City_Ideal_City_-_Galleria_Nazionale_delle_Marche_Urbino_2.jpg|thumb|center|upright=3.0|''Идеалниот град'' во [[Урбино]] долго време припишувано на [[Пјеро дела Франческа]]]]
 
Обично « [[Барок]] » се нарекува стилот кој ја наследил Ренесансата на почетокот на 17 век, но овој збор бил употребен дури подоцна, од страна на авторите кои сметале дека овој стил е гротескен и кои сметале дека елементите на античката уметност не треба никогаш да се применуваат поинаку од начинот на кој истите ги применувале Грците и Римјаните <ref>{{harv|Gombrich|2001|p=387-390|id=Gombrich2001}}</ref>. Барокната архитектура станува грандиозна како во случајот со [[Версајска палата| Версајската палата]] која била имитирана во цела Европа. Сликарството користи повеќе бои и светлина. Кај музиката од таа епоха се појавува [[опера]]та. Ова движење забележало свој процут во католичката Европа во 18 век <ref>{{harv|Gombrich|2001|p=457|id=Gombrich2001}}</ref>.