Отвори го главното мени

Промени

Нема измена во големината ,  пред 5 години
с
нема опис на уредувањето
[[Податотека:2006-01-14 Surface waves.jpg|мини|десно|300п|[[површински бран|Површински бранови]] во [[вода]]]]
 
'''Бран''' — нарушување или треперење кое се движи низ материјата или просторот, придружено со пренос на енергија. '''Брановото движење''' ја пренесува [[енергијатаенергија]]та од една точка до друга, најчесто со непостојано поместување на честичките на средината, односно без пренос на маса. Тие се состојат од [[треперење(физика)|треперења]] или вибрации околу една иста местоположба. Брановите се опишани со бранова равенка која покажува како нарушувањето се распределува со текот на времето. Математичкиот запис на оваа равенка се менува во зависност од видот на бранот.
 
Постојат два вида на бранови. Едните се [[механички бран|механички бранови]] кои се движат низ средината, и истата таа средина се деформира. Деформацијата се поништува со помош на [[еластична сила|еластичната сила]] која настанува поради деформацијата. На пример, звучните бранови се движат низ молекулите на воздухот судирајќи се со нивните соседни молекули. Кога молекулите на воздухот се судираат, истовремено и отскокнуваат една од друга (еластична сила). Ова ги спречува молекулите да продолжат да се движат во насоката ан бранот.