Отвори го главното мени

Промени

Додадени 3.112 бајти ,  пред 5 години
с
==Стојни бранови==
{{Главна статија|Стоен бран|Звучна резонанса|Хелмхолцов резонатор|Цевка на оргула}}
 
[[File:Standing wave.gif|thumb|right|300px|Стоен бран во статична средина. Со црвените точки се претставени брановите [[јазли (физика)|јазли]]]]
 
Стоен бран, исто така познат и под името ''статичен бран'', е бран кој останува во постојана позиција. Оваа појава се случува бидејќи средината се поместува во спротивна насока од бранот, или може да настане во статична средина како резултат на [[интерференција (браново движење)|интерференција]] меѓу два бранови кои патуваат во спротивни насоки.
 
''Збирот'' на два спротивно насочени бранови (со ист замав и фреквенција) се создава ''стоен бран''. Стојните бранови обично настануваат кога одредена граница го попречува движењето на бранот, со што се предизвикува браново одбивање, а со тоа се воведува и спротивно насочен движечки бран. На пример кога [[виолина|виолинска]] жица е напрегната, трансферзалните бранови се движат од местото каде жицата е притисната на [[кобилица (инструмент)|кобилицата]] и затегнатоста на [[чивија (жичен инструмент)|чивија]], од каде брановите се враќаат наназад. Меѓу кобилицата и чивијата, двата спротиставени бранови се во [[антифаза]] и се поништуваат, со што се добива [[јазол (физика)|јазол]]. На средината меѓу двата јазли постои [[антијазол]], каде двата спротивнонасочени бранови се ''зајакнуваат'' меѓусебно максимално. Не постои збирно движење на енергијата со текот на времето.
 
<gallery>
Image:Standing waves on a string.gif|Едно димензионални стојни бранови, [[основна фрквенција|основен]] тон и првите 5 [[обертон|обертонови]].
Image:Drum vibration mode01.gif|Дво димензионален [[вибрации на кружен тапан|стоен бран на диск]], ова е основниот тон.
Image:Drum vibration mode21.gif|[[вибрации на кружен тапан|стоен бран на диск]] со две јазлени линии кои минуваат низ ценатарот, станува збор за обертон.
</gallery>
 
== Поврзано ==